Глутаминот и придобивките од него
Оваа многу важна аминокиселина помага во обновувањето на мускулите, го подобрува имунолошкиот систем и го поттикнува растот на мускулите. Исто така, ја зголемува синтезата на протеини и има корисни ефекти врз дигестијата.
Дали Л-глутаминот е нависитна неопходен?
Аминокиселината Л-глутамин ја има во изобилство во нашиот организам. Таа игра клучна улога во обнова и закрепнување на мускулите и метаболизмот, во енергијата на клетките, за варењето, делува врз имунитетот и врз многу други анаболички процеси. Оваа природна состојка може да се најде во разни намирници или да се земе како додаток во исхраната. Најдобри нејзини извори се пилешкото месо, рибата, говедското месо, млекото, јајцата, млечните производи, спанаќот, зелката и цвеклото.
Многу компании продаваат глутамин во вид на прашок, течност или таблети. Милиони спортисти и бодибилдери ширум светот ги користат секојдневно овие додатоци. Л-глутаминот исто така се препорачува да се користи при синдромот на иритирани црева, болки во мускулите и зглобовите, несоница, вознемиреност и депресија, Кронова болест, улцерозен колитис и чир на желудникот. Благодарение на своите антикатаболички својства, оваа аминокиселина се употребува и во лекувањата на ХИВ (СИДА).
Користа од Л-глутаминот при спортување
Голем број истражувања ги имаат докажано предностите од користењето на Л-глутаминот при спортување. Оваа аминокиселина може да се најде во многу протеински прашоци и бодибилдинг додатоци. Дневното земање на Л-глутамин помага за зачувување на мускулната маса, го спречува катаболизмот и го подобрува времето на закрепнување меѓу тренинзите. Исто така, го поддржува функционирањето на имунолошкиот систем и ја подобрува физичката издржливост кај спортистите. Глутаминот на природен начин го поттикнува растот на нивоата на хормоните во телото за само 90 минути по внесувањето, што е навистина неверојатно.
Како додаток во исхраната, Л-глутаминот може да помогне при градењето на дефинирани мускули и побрзо закрепнување веднаш по вежбањето. Во исто време ќе ви ја зголеми силата, па ќе можете уште поинтензивно да вежбате подолг временски период. Ако сте на диета, земањето глутамин ќе ви помогне за да ги зачувате дефинираните мускули и да го загубите салото. Овој производ може да помогне за намалување на болката во мускулите и заморот, ќе ви ја подобри енергијата и ќе ја подобри природната способност на организмот да се бори против инфекции. Одличен е и за оние кои имаат артритис, воспаленија, чиреви и автоимуни болести.
Ако се користи со одлично избалансирана исхрана и редовно вежбање, глутаминот може да помогне да добиете тело какво што посакувате. Овој додаток во исхраната ќе ви го подобри вниманието и ќе ги стабилизира нивоата на шеќер во крвта. Благодарение на неговите антивоспалителни својства, корисен е за оние кои патат од болки во колената и грбот.
Глутаминот е еден од најпопуларните спортски додатоци на денешницата. Спореден со други производи, нема негативни ефекти и има пристапна цена. Од фитнес почетници, преку професионални спортисти и кревачи на тегови, секој може да има полза од земањето глутамин. Ова не е волшебен додаток и нема да ви го измени изгледот преку ноќ, но затоа ќе ви помогне да имате голема полза од вежбањата и да постигнете најдобри резултати. По само неколку дена ќе се чувствувате посилно, ќе имате повеќе енергија и ќе се ослободите од болките во мускулите.
Гледам дека има продукти како Глутамин и Л-Глутамин. Кое е подобро да се користи ако вежбаме?
Амино киселините постојат во две форми наречени изомери.ТИе се L и D изомери.Во човековото тело може да се најде само L амино киселини.Така да секој глутамин у суштина е Л-глутамин.
Тоа е само маркетинг трик.Така да земи си обичен глутамин.