Иако и претходно пишувавме за додатоците на исхраната (суплементите), фитнес индустријата е меѓу најголемите во светот, постојано се прават нови истражувања и тестирања и се доаѓа до нови сознанија, па затоа и најголемиот дел од луѓето сеуште не знаат многу за суплементите и нивната ефикасност. Се надеваме дека оваа статоја на многумина ќе им разјасни некои работи.

Протеински прашок

 

Секако ова е најпопуларниот и најкористен додаток во исхраната. Исто така, за неговата делотворност се водат и најмногу расправи. Па, дали тогаш е потребно да се пијат протеински прашаци или не? Жените мислат дека од него се подувуваат, па го избегнуваат што е обична глупост. Мажите пак мислат дека од него ќе добијат мускули, па го пијат во непотребно големи количини што е исто така глупост. Иако квалитетот на протеинските прашоци многу напредуваше во последните неколку години, во него сепак не се состои нешто магично заради што ќе ви нараснат мускулите за краток рок. И веднаш да расчистиме- тоа не е замена за оброк, туку само додаток на исхраната. Најголема негова предност е тоа што за само неколку секунди после тренингот можете да го помешате со јаглехидрати и вода и имате подготвен оброк за опоравување по вежбањето, што во денешницата полна со брзање и стрес е секако многу важно. Поедноставно секако отколку да отидете дома и да си зготвите оброк, а соодносот на протеини и аминокиселини е секако многу подобар отколку во тој оброк. Исто така, многу едноставно може да се додаде во миксер со останатите намирници и да се добие дополнителен извор на протеини. Поквалитетните производители го прават и почист (со поголем процент на протеини)па затоа фитнес експертите советуваат да не штедите кога е во прашање овој суплемент, бидејќи во поголемиот дел случаи квалитетот ја диктира цената.

Има повеќе видови протеин во прав- сурутка (најпродаваниот)- брзоапсорбирачки протеин, казеин – протеин што бавно се апсорбира, соја протеин, протеин од јајца, пченичен протеин, протеин од козјо млеко, протеин ог грашок, протеин од млеко, протеин од кафеав ориз, микс (мешавина на протеини) каде се комбинираат whey протеин, казеин, соја итн.

 

До неодамна се веруваше дека whey протеинот е најефективен доколку се зема веднаш после тренингот, но последните истражувања покажаа дека протеините што бавно се апсорбираат се поефикасни бидејќи е потребно бавно отпуштање на протеинот за најдобри резултати. Исто така, новост е и тоа дека со протеините кои бавно се апсорбираат потребно е да додадете и добри маснотии од типот омега 3.

Во однос на прашањето дали протеинскиот прашак е потребен или не- доколку сте сериозен вежбач, имате средена исхрана и сакате максимални резултати тогаш секако да. Но, доколку вежбате рекреативно, немате средена исхрана и мислите дека прашакот е замена за оброк, тогаш дефинитивно нема да имате корист од него.

Омега 3- масни киселини

 

Речиси сите истражувања ги потврдиле исклучителните квалитети на овој суплемент. Не само што го штити срцето и ги спречува воспаленијата, овој суплемент е одличен и во борбата со вишокот килограми. Особено за клиентите кои сакаат да го извлечат максимумот од вежбите за губење на масти, се препорачуваат дневни количини и до 9 грама. Сепак, за поголемиот дел од луѓето дневната доза е помеѓу 1-3 грама EPA i DHA.

Она што е многу важно да го знаете е тоа кога ги читате декларациите да не гледате колку вкупно има рибино масло бидејќи во 1000 милиграми има само 300 милиграми EPA i DHA, што значи дека би требале да земате 10 капсули дневно. Исто како и кај протеините, квалитетот ја одредува цената, па месечната доза на квалитетен омега 3 суплемент со доволно количества на EPA i DHA е секако поскап.

 

Vitamin-sandwich

 

Мултивитамин

 

 

Пазарот е преплавен со мултивитамини од различни производители, и иако најголемиот дел од нив телото не може квалитетно да ги разгради, факт е дека во денешната храна има многу малку од потребните нутриенти кои ни се многу потребни, Но, исто како и со протеините, луѓето мислат дека земањето на витамини ќе ја замени ужасната исхрана, што секако не е точно. Секогаш треба да се обидете да добиете што е можно повеќе од секојдневната исхрана, но доколку тоа не ви оди од рака- одлучете се за некој поквалитетен и (за жал) поскап мултивитамин.

Креатин

 

После whey протеинот е сигурно најкористен суплемент. Многу мажи го обожуваат бидејќи им дава привидна маса која во поголемиот дел од случаите е само вода. Сепак, многуте истражувања потврдиле дел од тврдењата на производителите, а тоа е дека креатинот е сигурен, ефективен и легален начин да се зголеми силата и масата доколку се вежба со тегови. Сепак, претераните количини можат да предизвикаат грчеви во стомакот.

Важно е да се нагласи и дека класичните препораки во однос на дозата (20 грама дневно) не покажале никакви предности пред земањето на само 5 грама дневно, што значи дека на овој вториов начин креатинот може да се зема многу подолго без престан. Се препорачува да се зема заедно со барем 30 грама јаглехидрати. Исто така фитнес експертите препорачуваат да се зема во прав наместо како пилули, бидејќи иако компаниите ја продаваат приказната дека пилулите се нешто посебно, во суштина се продава истата работа само поскапо, бидејќи креатинот во прав не е скап суплемент. Секој има различен метод на земање на креатин, некои земаат пред тренинот, некои после тренингот, некои пак ја делат дневната количина на пред и после тренингот.

Продолжете кон вториот дел

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.