Се будите уморни? Еве некои од причините
Дали се будите уморни и покрај тоа што спиевте осум часа и си легнавте пред полноќ? Наместо да бидете свежи и одморени, се чувствувате уморно и покрај оумчасовното спиење.
-
Анксиозност
Понекогаш останувате будни до доцна, размислувајќи за работите кои треба да ги напавите изутрина- ова е една од причините зошто се будите уморни. Истражувањата покажуваат дека размислувањето за работите кои не не опуштаат, предизвикуваат стрес и можат да предизвикаат анксиозност која предизвикува немирна ноќ!
-
Стрес
Стресот во животот е неизбежен и треба да се помириме со него. Доколку отидете во кревет со стресни мисли, ќе бидете вознемирени и загрижени. Кога сте под стрес, тешко дека вашиот ум и тело ќе можат да се опуштат и одморат во текот на ноќта. Опуштете се! Ќе спиете поубаво и ќе се разбудите освежени.
-
Социјални мрежи, интернет, компјутерски игри
Доколку си пронајдовте нова компјутерска игричка или доцна навечер започете да пребарувате нешто на интернет, или пак да се допишувате со некој пријател, сигурно нема да можете да се одвоите од компјутерот и ќе помине многу време додека не легнете во кревет. Изгасете го компјутерот! Време е за спиење.
-
Страшен хорор филм
Доколку доцна навечер гледате некој хорор филм или пак серија, страшните сцени ќе понат да ви се врткаат низ умот и ќе имате црни мисли. За да го пронајдете повторно вашиот внатрешен мир, помислете на себе и најбликите во својот живот, мислете само на позитивни работи, а секако оставете го и светлото вклучено. Можете и да се напиете чај од вашиот омилен вкус, кој ќе ви помогне да се опуштите и побрзо да заспиете!
-
Јадење доцна навечер
Кога ќе почувствувате глад доцна навечер и ќе каснете нешто, на вашето тело му треба многу подолго време за да ја свари таа храна. Особено е нездраво доколку каснете брза и калорична храна. Кога ќе легнете со полн стомак, сигурно нема да можете мирно да заспиете и нема да се разбудите одморни.
-
Расправија
Немојте да отидете во кревет скарани со партнерот. Да легнете во кревет покрај некој на кому сте му лути не е добра идеа. Посебно немојте да се расправате во кревет, тоа создава тензија и после кавгата скоро е невозможно да заспиете. Опростете и заборавете, сигурно ќе бидете помудри наутро со ладна глава !
-
Бебиња/деца
Доколку имате деца, сигурно барем еднаш се будите навечер од различни причини. Особено сега кога е сезона на грипови и пролетни алергии, сигурно се будите повеќе пати во текот на ноќта да и измерите температура и да им ја проверите состојбата. Ова може да биде многу исцрпувачки и често да ви се случува во текот на ноќта да се преместувате од еден кревет на друг. Сето ова итекако може да влијае на квалитетот на вашиот сон !