Масажата е една од најстарите уметности на лекување. Древните Индуси, Персијците и Египќаните ја користеле масажата за лекување на многу болести.

 

Денес, масажата се користи во програмите за физичка рехабилитација и за третирање на хронични состојби како болки во грбот, замор, артритис, висок крвен притисок, дијабетес, слаба циркулација, јакнење на имунитетот, неплодност, депресија, пушење и слично. Масажата помага при ублажување на стрес и напнатост.

 

Да се масира може целото тело, вклучувајќи ја и главата, а една од најефикасните е масажата на стапалата. Одредени делови од стапалата се поврзани со различни органо во човечкото тело, па затоа пред легнувањње дозволете си една масажа.

 

Овој вид масажа е добра за:

 

  • кожата,
  • циркулацијата,
  • поквалитетен сон,
  • намалување на едеми за време на бременост,
  • оддржување на правилна функција на органите,
  • смирување на симптомите на “немирни нозе”.

 

Како да се направи самомасажа на стапалата:

 

Опфатете ги ножните прсти со едната рака, а со другата – зглобот. Полека вртете го стапалото во една насока, а потоа во друга.

Потоа фатете ги прстите од стапалото и влечете ги кон себе. Задржете ги во таа положба 15 секунди. На овој начин ги истегнувате мускулите на стапалото. Повторете ја вежбата и со другата нога.

 

Опфатете го стапалото со двете раце и со палците вршете лесен притисок. Повлекувајте ги прстите од петата кон нанапред. Повторете неколку пати. Потоа се повторете се во обратната насока – од прстите кон петата

 

Извлечете го секој прст – еден по еден.

 

Со едната рака фатете го палецот, а со другат арака другите четири прсти на стапалото. Повлечете го стапалото кон нагоре и протресете.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина