Сами предизвикуваме стрес и лошо расположение
Ако сакате стресниот ден да го ублажите со кесичка чипс, со која ќе пиете газиран пијалок, можеби треба да размислите за оваа стратегија на опуштање. Постои храна која го влошува расположението, од која доброто расположение се претвора во лошо, а лошото во катастрофално. Доктор Џенифер Ланда, од американскиот центар специјализиран за хормонска терапија, укажува на храна која дефинитиво го нарушува здравјето. Тоа е онаа храна која доведува до нестабилно ниво на шеќерот во крвта и насобирање на токсини во телото. Цела храна, колку што е можно помалку преработена, и умерените количини во една порција, се клучни за стабилно ниво на шеќерот во крвта и за добро расположение.
Храна која го расипува расположението:
1. Чипс
Парадоксално, но чипсот најмногу се нуди на забави. Но, овие компирчиња се пржени во масло и изобилуваат со омега-6 масни киселини, кои ги блокираат омега-3 масните киселини, кои се оние кои се задолжени за добро расположение. Наместо чипс, подобро е да се грицкаат бадеми, кои смируваат.
2. Газирани пијалоци
Сите веќе знаат дека газираните пијалоци не се здрави. Но, посебно е бесмислено да се пијат ако сакате да бидете во добро расположениел отпрво наглото зголемување на нивото на шеќер може да делува поволно на расположението, но потоа шеќерот опаѓа многу брзо, а со него и расположението.
3. Маргарин
Маргаринот настанува од индустриски произведените маснотии кои доведуваат до воспалителни процеси во телото. Како и кај чипсот, и овде лошите маснотии поттикнуваат лошо расположение.
Природните производи се секогаш подобри од индустриските. Ако веќе требате да мачкате нешто на леб или да ставите во колачи, тоа нека биде вистинското нешто – путер или маслиново масло.
4. Бело печиво
Ако утрото го почнете со печиво од бело брашно, тогаш сосема сигурно и пред ручекот нема да имате повеќе енергија. Влакната, витамините од Б групата и цинкот, кои се потребни за одржување на енергијата и за добро расположение, ќе ги најдете само ако јадете интегрално печиво.
5. Пржени и солени кикиритки
Како да упропастите нешто кое е природно, здраво и добро за расположението? Испржете го, насолете го и додајте разни адитиви, како што е на пример моносодиум глутаминатот (MSG), кој е поврзан со мигрените, слабостите, чувството на печење и проблемите со дишење. Наведениве симптоми дефинитивно го уништуваат доброто расположение. Тогаш, зошто не би грицкале неизлупени кикиритки?