За да можеме барем малку да го регулираме внесувањето на солта, се препорачува нејзина замена со поздрави алтернативи. Имено, главниот елемент во солта, натриумот, се наоѓа и во природните растенија. Седум од нив во целост можат да ја заменат солта во јадењата.

1. Цимет

Еден од најстарите зачини, кој во нашата кујна се користи исклучиво за слатки, има многу поголема примена. Имено, циметот е одлична алтернатива за солта, тој го регулира нивото на шеќер во крвта и има способност за намалување на холестеролот. Ова се само некои од неговите основни предности. Иако има интензивна миризба, која не можеме да ја замислиме во главните оброци, циметот изненадувачки добро се снаоѓа во пикантните јадења, давајќи посебна нота на вкусОТ.

2. Кардамом

Зачинот кој станува се позастапен во нашата кујна, кардамомот се смета за член на семејството на ѓумбирот. Неговиот вкус е деликатен и ароматичен, но при првиот допир со непцата се чувствува слатката нота, па не зачудува неговата присутност во јадењата наместо солта.

3. Чили пиперчиња

Топол и лут вкус – тоа е нотата која на непцата ја оставаат чили пиперчињата благодарение на лековитите својства. Тие најдобро ги балансираат вкусовите, додека со својот интензивен вкус во целост ја задоволуваат потребата за сол во храната.

4. Семки од сончоглед

Само 50 грама од овој плод ги задоволува дневните потреби за витамините Е и Б1, додека 100 грама семки ги задоволуваат дневните потреби на организмот за манган, бакар, магнезиум, натриум, фосфор и витамин Б6. Соленкастиот и по малку горчлив вкус на семките поттекнува од натриумот во нив, поради што мелени се дадаваат во јадењата наместо сол.

5. Лук

Лукот е одлична замена за солта, посебно оној кој е во прав. Многумина го користат при подготовка на риба или тестенини. Неговите многубројни лековити својства се причина за поголема примена во кујната.

5. Босилок

Зелените листови на босилокот изобилуваат со етерични масла, кои помеѓу низата компоненти содржат и натриум, па од тука босилокот е одлична замена за солта.

7. Сок од лимон

Салата без ниту едно зрнце сол, но со изобилство од лимонов сок, во целост ќе го замени омилениот зачин. Освен тоа, лимонот е познат како природен конзерванс и како таков е одлична замена за солта.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина