Диња – зошто треба да се ужива во неа
Дињата поседува завидна количина на витамин А, неопходен за добар тен и вид, како и витамин Ц, а заедно овие два моќни антиоксиданси го штитат организмот од кардиоваскуларни болести и стареење.
Дињата (лат. Cucumis melo) треба да се јаде колку што се може повеќе додека ја има сезонски, а за тоа постојат најмалку три добри причини. Дињата не дебелее, освежува и е преполна со витамини и со други важни состојки неопходни за организмот. Уште не постои единствено мислење дали овој интересен плод е овошје или зеленчук. Мислењето на повеќето добри познавачи е дека дињата е овошје, додека други тврдат дека е зеленчук, а како аргумент го наведуваат фактот дека мора де се сее секоја година. Овие мислења се поделени и кога се работи за семејството на кое му припаѓа – едни тврдат дека им припаѓа на краставиците, додека други велат дека е дел од семејството на тиквите.
Исто така, и нејзиното потекло се толкува различно, па според некои теории се вели дека потекнува од Азија, а според други дека е од Африка. Познато е дека во Кина знаеле за неа илјадници години пред Христос. Во Библијата се спомнува дека Израелците, талкајќи 40 години низ пустините по заминувањето од Египет, најмногу жалеле за дињата. Познато е и дека познатуот антички доктор Хипократ, им советувал на оние кои имале проблеми со варењето задолжително да јадат по едно парче диња прелиена со вино.
Зошто треба да се јаде дињата?
Дињата ја познаваме како овошје сокое се разладуваме во текот на врелите летни денови. Нискокалорична е (во 100 грама има само 30 калории) и има голема содржина на вода (90%). Консумирањето на овошје и зеленчук е поврзано со намалувањето на здравствените ризици предизвикани од лошите животни навики. Истражувањата укажуваат дека со редовното консумирање намирници како што е дињата, се намалува ризикот од дебелеење, дијабетес и кардиоваскуларни болести. Еве кои се уште се благодетите од јадењето диња:
Старосна дегенерација на макулата – антиоксидансот зеаксантин во дињата има заштитна улога на окото.
Астма – високото ниво на каротен и витамин Ц го намалува ризикот од развивање астма.
Крвен притисок – растителните влакна, калиумот, витамино Ц и холинот кои се наоѓаат во дињата го подобруваат здравјето на срцето.
Карцином – исхраната богата со каротен потенцијално штити од развивање на карцином на простата и на дебелото црево.
Варење – високата содржина на вода и растителни влакна помагаат во превенирање на опстипацијата и го подобруваат нормалното работење на дигестивниот систем.
Хидрирање – поради високата содржина на вода, дињата е совршена ужина за спречување на дехидрацијата во текот на врелите летни месеци.
Кожа и нокти – високата содржина на витамин А влијае на создавањето на себумот и телесните клетки (на кожата и косата). Високата содржина на витамин Ц го поттикнува создавањето и одржувањето на колагенот, кој ја обезбедува структурата на кожата и косата.
Сепак, на оние на кои им се препишани бета блокатори треба умерено да консумираат диња, поради високата содржина на калиум во неа. Бета блокаторите можат да го зголемат нивото на калиум во крвта. На оние на кои не им функционираат нормално бубрезите, претераното консумирање на калиум може да биде штетно по нивното здравје.