Ако имате вишок килограми, не сте единствени. Вишокот килограми, особено салото на стомакот, може да ве стави во ризичната група. Оние кои се дебелеат на половината имаат поголем ризик за развој на здравствени проблеми од оние кои се дебелеат на другите делови од телото. Стомачното сало почесто ги напаѓа мажите отколку жените. Ова сало го зголемува ризикот од:

– срцеви болести
– мозочен удар
– некои облици на рак
– дијабетес тип 2
– имуност на инсулин
– високи триглицериди
– ниски вредности на ,,добриот,, холестерол
– метаболичен синдром
– нарушувања при спиење (апнеа)

Како да го препознаете вишокот сало околу стомакот?

Големината на вашата половина е добар показател дали имате вишок сало околу половината. Иако и мерењата кои го споредуваат обемот на колковите и половината или споредувањето на висината и тежината, поточно големината на половината, можат да дадат добра проценка. За повеќето мажи, ризик фактор на срцевите и другите болести се зголемува ако е половината поголема од 102 сантиметри.

За да ја измерите половината:

– ставете го метрото околу голиот стомак, веднаш над колковите

– метрото не го стискајте на кожата
– уверете се метрото на биде на еднаква висина околу целиот стомак
– опуштете се, издишете и измерете ја половината – не го вовекувајте стомакот!

Како што старееме, така се губат мускулите – посебно ако не сме физички активни. Губењето на мускулите може да се забави ако телото почне да троши калории. Значи, доколку не се лимитира внесената количина на калории или ако не се зголеми физичката активност, почнуваме да се дебелееме.

Нашите гени можат да влијаат на тоа дали ќе имаме или не вишок килограми, како и тоа на кој дел од телото најмногу ќе имаме вишок килограми. За повеќето мажи, сепак, проблемот е поврзан со начинот на живот, а не е наследен. И претераното консумирање на алкохолни пијалоци може да делува да се трупа сало околу половината или т.н. пивски стомак. Но, пивото не е единствен виновник. Сало може да се добие со консумирање на било кој алкохолен пијалок.

Како да се ослободите од салото околу стомакот?

Без разлика дали сакате или не да се ослободите од салото околу стомакот или од кој и да било друг дел од телото, основите се исти:

– Намалете ги калориите. Намалете ја големината на порциите. Заменете ја вообичаената храна со здрава, која има помалку калории.

– Зголемувајте ја физичката активност. На возрасните им се препорачува два ипол часа умерена физичка активност на ден или час и половина засилена физичка активност со додавање на тренинг за сила. Можеби ќе треба и подолго да вежбате, за да можете да ги загубите и да ги задржите килограмите. По симнувањето на вишокот килограми, одржувајте ја тежината со здрава исхрана и со редовна физичка активност. Стомачните вежби ги зајакнуваат мускулите, но само со нив нема да го намалите салото околу стомакот. Најдобриот начин за намалување на обемот на половината е редуцирање на вкупната количина на внесени масти преку здравата исхрана и вежбањето.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина