6. МИТ: Подобро е постепено и полека да ги губите килограмите, отколку брзо и нагло

ФАКТ: Распространето е мислењето дека многу побрзо ќе ги вратите загубените килограми, односно дека ќе се здебелите дури и повеќе отколку што сте тежеле пред диетата. Но, дали е тоа е вистина?
Во едно неодамнешно истражување под име Митови, претпоставки и факти за дебелината”, објавено во списанието“New England Journal of Medicine”, истражувачите го имаат ставено ова тврдење во категоријата на митови откако разгледале бројни студии во однос на трајните ефекти на брзото и бавното слабеење. Едно друго истражување, пак, спроведено од научници од Австралија, кое било спроведено над 200 волонтери, биле добиени поинакви резултати од очекуваните. Половина од нивните испитаници внесувале околу 800 калории дневно во текот на 12 недели, додека другата половина внесувале само по 500 калории дневно, но во текот на 36 недели. По тестирањето, речиси сите испитаници од двете групи ги повратиле загубените килограми во рок од три години, што ни кажува дека дека враќањето на загубените килограми нема врска со брзината на слабеење, туку исклучиво со враќање на старите нездрави навики кои треба да ги промениме.

7. МИТ: Пред диетата мора да имате јасни и реални цели

ФАКТ: Ова е едно од популарните верувања за кое едноставно не постои потврда од страна на која било наука. Во една студија, истражувачите барале од речиси 2.000 дебели мажи и жени јасно одредени цели пред да започнат со процесот со слабеење. Оваа група луѓе ја следеле околу две години, а утврдено е дека, на пример, дека жените кои ималепомали реалницели пред диетата всушност ослабнале повеќе. Значи, кога ќе решите да се ставите на диета, слободно поставете си на себе цели и бидете истрајни на патот кон нивното остварување.

8. MIT: Најефикасни се диетите кои подразбираат одбегнување на мастите

ФАКТ:Одбегнувајте масна храна”, се советите до кои речиси сите ние се придржуваме кога сме на диета. Сепак, за ефикасност на овој режим не постојат научни докази. Една студија, која е направена уште во далечната 1991 година, а во текот на која биле разгледувани животните навики на повеќе од 48.000 жени, утврдила дека по толку многу години кај оние кои јадат нормално, и оние коивнимавале што праватне посоти голема разлика во тежината, исто како и во стапката на заболување од срцеви болести и рак. Значи, што треба да јадете? Трудете се да не претерувате со ништо, а најдобро е да одберете медитерански начин на исхрана, кој е богат со овошје и зеленчук, маслиново масло, ореви и со повремено консумирање на чаша црвено вино. Тоа е многу подобар начин да го загубите вишокот на килограми, но и да го намалите ризикот од срцеви заболувања.

9. МИТ: Задолжителното појадување ќе ви помогне да не се дебелеете

ФАКТ: Сигурно и вас често ве советувал дека здравиот и обилен појадок претставува прв чекор за лесно одржување на телесната маса. Предупредувањата кои се однесуваат на тоа дека ако го прескокнете појадокот, подоцна ќе ве огладни многу побрзо во текот на денот, ќе ве натера да изедете многу повеќе и да одберете брза храна, не се точни. Факт е дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот, и дека тој ви го забрзува метаболизмот, но ако по некое чудо го прескокнете, а немате навика да јадете нездрава и брза храна, нема ни тогаш да го направите тоа. Ова тврдење е докажано со студија во која 300 дебели доброволци, кои биле на диета, биле поделени во две групи едната консумирала редовно појадок, а втората го ,,прескокнувала,, во текот на денот. По 16 недели, резултатите биле речиси идентични – и двете групи имале загубено ист број килограми.

10. МИТ: Соковите се добри сојузници во борбата против вишокот килограми

ФАКТ: Диетите баизрани само на овошни сокови ви ветуваат разни фантастични работи, а меѓу другото и брзо губење на килограмите. Меѓутоа, голем дел од загубените килограми ќе биде всушност водата од вашиот организам. Имено, кога престанувате да јадете, вашето тело го согорува гликогенот, кој е складиран во црниот дроб и мускулите и кој води сметка за складираната енергија и вода во организмот, поради што доаѓа до ослободување на вишокот течности од организмот. Штом ќе почнете повторно да јадете, телото пак ќе ви се исполни со вода и гликоген, што ќе резултира со зголемување на телесната маса.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина