Кога се работи за зачестеноста од заболување на ракот на грлото на матката, секоја година се забележуваат околу 1.244 нови случаи. Истовремено, годишно од оваа болест умираат околу 480 жени. Ова е најчесто дијагностициран рак кај жените на возраст помеѓу 20 и 29 година и втор најчест кај оние на возраст помеѓу 30 и 49 година. Токму ПАП-тестот е пресудна важност за рано откривање на оваа болест. Но, според статистиката во гинеколошките амбуланти редовна контрола прави само една третина од женската популација.

 

ПАП-тест еднаш годишно

 

Секоја полово активна жена треба да го направи овој тест еднаш во годината, доколку претходната дијагноза била уредна. Со овој тест се воочуваат промените на абнормалните клетки кои можат да доведат до рак. Точноста на тестот е околу 75%, a во комбинација со други методи (колпоскопија и хистологија) точноста расте до 95%. Иако често можеме да слушнеме дека резултатот може да биде недоволно репрезентативен поради неправилниот распоред на малигните клетки во жариштето на грлото на матката поради грешки во обработката и субјективноста на оној кој ги обработува примероците, тоа никако не смее да биде оправдување за ПАП-тестот да не се прави секоја година.

 

Тој не е дијагностички, туку превентивен тест

 

Неопходно е да се нагласи дека тој не може да го исклучи постоењето на карцином на грлото на матката кај пациентки кои имаат симптоми на карцином на грлото на матката. Инаку, ПАП-тест се прави кај жени кои немаат симптоми на цервикален карцином (односно кај здравата популација). Ако жената има симптоми или наоди кои би укажувале на можно присуство на рак на грлото на матката, тогаш мора да се направи дијагностички тест – поради исклучување или потврда на потенцијална дијагностичка недоумица. Дијагностичкиот тест најчесто подразбира процедура на изведување биопсија.

 

Секоја година на контрола

 

Во најголем број од случаите, лошиот наод на овој тест укажува на дијагноза на минимална промена на грлото на матката, некои од нив можат да укажуваат на претмалигни промени: CIN 1 (лесни промени), CIN 2 (умерени промени) и CIN 3 (тешки промени). Сите промени мора да бидат следени, дијагностицирани и третирани. Со оглед на тоа дека повремено може да се најде вистинска канцерка промена, во то аи е значењето на овој тест.

 

HPV тест на иднината

 

Денес, се знае дека развој на рак на грлото на матката нема без инфекција со HPV таканаречен висок ризик. HPV тестот секако претставува иднина на скринингот за рак на грлото на матката. Меѓутоа, со оглед на тоа што моментално HPV типизацијата е постапка која е многу скапа (и до неколку пати) од класичниот ПАП-тест, редовното скенирање кое се спроведува, а кое вклучува земање на ПАП-тест еднаш годишно – сосема е доволна. Притоа е неопходно на се нагласи дека таквиот преглед треба да го направи секоја жена откако ќе стапи во полови односи, односно за време на репродуктивниот период. Кога ќе успееме во тоа, ракот на цервиксот ќе успееме да го искорениме, односно ќе постои можност за негово дијагностицирање во најраната фаза, кога е целосно излечлив.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина