Состојки:

 

  • 170 гр. црвен грав од конзерва
  • 280 мл. зеленчукова супа
  • 1 главица виолетов кромид
  • 3 лажици вински оцет
  • 1 лимета
  • 1 лажица сецкан магдонос
  • сол и црн пипер
  • 100 гр. квиноа
  • 1 жолта пиперка
  • 3 млади кромитчиња
  • 2 лажици соја сос
  • 1 лажица сос од чили пиперчиња
  • екстра девствено маслиново масло

 

Подготовка:

 

Во врелата супа ја додаваме квиноата, промешуваме, поклопуваме и вариме на тивок оган 15-тина минути, а потоа ја тргаме супата од оган и оставаме да отстои 5 минути поклопено. За тоа време виолетовиот кромид и пиперката ги сецкаме заедно со младото кромитче, а сокот од лиметата го цедиме. Потоа сето ова се меша во подлабок сад заедно со квиноата и останатите сосови и зеленчуци. Се зачинува салатата со сол и црн пипер и со маслиново масло.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина