Следниот пат кога ќе седнете да јадете, направете си услуга: слушнете го своето тело, за да видите дали сте под стрес или сте опуштени. Дали ви се грчи желудникот? Дали сте нервозни? Дали срцето ви чука силно? Или сте можеби опуштени и присутни? Не грижете се доколку не сте – тоа ретко се случува.

 

Можеби сте среќни поради претстојниот оброк или можеби почнувате да чувствувате вина поради она што планирате да го изедете. Ова се некои од емоциите кои ги преживувате секој пат додека јадете. Меѓутоа, тоа не мора да биде така.

 

Следниот пат кога ќе седнете да јадете – вдишете три пати длабоко и опуштете го целото тело. Потрудете се да не судите за она што ќе го изедете – наместо тоа, фокусирајте се на тоа да уживате во секој залак. Чувството на вина во врска со стресот предизвикува стрес и тогаш таа храна потешко се вари. Сетете се дека 80% од времето ваша цел е да внесувате добри и хранливи намирници, а преостанатите 20% се однесуваат на недовршената храна – и тоа е баланс. Затоа уживајте во секој оброк – добар или лош.

 

Не брзајте додека јадете и јадете го она кое организмот го бара. Кога ќе станете свесни за она што го јадете, почнете да ја учите вештината на умереност – станувате свесни кога сте сити. Ова е најздравиот начин на јадење. Посветете се на тоа да уживате во секој умерен оброк. Мора да седите во мирен амбиент (далеку од телефон, компјутер или телевизор) за да може да успеете во тоа. Храната е така добра за душата.

 

Обратете внимание на храната и на тоа како се чувствувате по јадењето – тоа е најдобриот водич за избор на храната која прави да се чувствувате добро. Кога ќе почнете да бидете присутни кога се работи за храната – ќе почнете да и го чувствувате вкусот и ќе уживате повеќе, а тоа ќе ве остава сити по јадењето.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина