jadenje navecer_naslovna

Што има лошо во тоа да го ублажите гладот во доцните вечени часови? Изгледа безопасно, меѓутоа, доколку често ја вадите кутијата сладолед од замрзнувачот или грицкате чипс, имате проблем. Имено, овие калории не се согоруваат во текот на ноќта и доколку секоја вечер внесувате по 200 калории, тоа се 1400 калории на неделно ниво, што претставува дозвоолениот калориски внес за текот на цел еден ден! Калориите се складираат и брзо ќе дојдете во ситуација да се борите со вишокот килограми.

Најчесто, постојат две причини за тоа зошто луѓето избираат грицкање во доцните вечерни часови- или навистина чувствуваат глад или е во прашање навика од која никако не можат да се ослободат. Прочитајте во продолжение неколку совети кои можат да ви користат.

1. Јадете на секои три часа

Ако броите калории, внимавајте да не се изгладнувате премногу себеси, за на крајот на денот да не паднете во искушение и ја изедете целата тепсија колачи. Одржете ја енергијата и ситоста така што ќе јадете на секои два до три часа (појадок, ручек, вечера и два оброка помеѓу нив).

2. Влакната и протеините нека бидат вашиоте најсилни сојузници

Обрнете внимание на тоа вашите оброци да содржат што е можно повеќе влакна и протеини. Тие го продолжуваат чувството на ситост и го одржуваат нивото на енергија подолг временски период. Консумирајте житарки од цело зрно, лешници, семенки, млечни производи со низок процент на масти и други намирници кои се богати со белковини. Овој совет особено се однесува на вашата вечера, бидејќи после тоа не би требало да јадете воопшто.

3. Слатки работи

Чувствувате желба за слатки работи? Преголемото воздржување води кон ситуација во која вие сте во искушение да се прејадете, а тоа сигурно не го посакувате. Дозволете си себеси по некоја слатка во текот на денот.Ви препорачуваме неколку коцки темно чоколадо. Брзата, нездрава храна држете ја надвор од куќата, бидејќи таа ќе ве примамува дури и кога не чувствувате глад.

4. Вода

Ако јадете од навика и тогаш кога не сте гладни, држете во близина чаша вода или шолја чај. Тоа ќе ви овозможи донекаде да ја ублажите гладта.

5. Соопштете им ја вашата одлука на домашните

Силата на волја има свои граници. Ако вашиот партнер или цимер ужива во чинија пуканки, многу тешко ќе ви биде да му одолеете на искушението и да не му се придружите. Кажете им на домашните дека сакате да престанете со јадењето доцна во ноќта и замолете ги да не јадат пред вас во вечерните часови. Така можете да влијаете и на нив да се ослободат од оваа навика!

6. Ќе биде потребно извесно време

Сосема е вообичаено после долгиот и напорен работен ден да легнете на каучот и да гледате ТВ. Меѓутоа, ако со едната рака ги менувате ТВ каналите, а другата ја употребувате за да ја дофатите храната од масичката, нема да успеете да се ослободите од оваа навика. Избегнувајте ги ситуациите кои ве тераат да јадете во доцните часови. Сменете ја рутината која води кон тоа- прошетајте се после вечерата, направете некои физички вежби, читајте книга или правете било што друго при кое рацете ќе ви бидат зафатени. Викнете ги пријателите на гости. Првата недела ќе ви биде многу тешка, но еднаш- кога ќе успеете да ја смените вообичаената рутина, ќе стекнете навика да не јадете во вечерните часови.