Состојки:

  • 300 гр. ориз

  • 2+2 лажици брашно
  • црн пипер

  • сол

  • масло

  • 2 лажици суви печурки

Подготовка:

  1. Оризот се вари, се лади и се меша со една полна лажица брашно

  2. Во оваа смеса се додава малку црн пипер и сол, па од добиената смеса се обликуваат шницли. Секоја шницла се валка во брашно (отприлика 2 лажици).
  3. Во тенџере се става масло, добро се загрева и во него се пржат шницлите.
  4. Шницлите се служат со сос од суви печурки. Сосот се подготвува така што 2 лажици суви печурки добро се мијат и се варат во солена вода. Потоа се сечат на тенки ленти, малку се пропржуваат на масло и им се додава 1 лажица брашно и се посолуваат по вкус.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина