Руколата е вкусен лисјест зеленчук кое лесно успева и воедно ја штити градината од наметници, така што повеќекратно е корисна. Записите за ова растение, кое е по потекло од Средоземјето, можат да се најдат во Библијата и во Талмудот, каде се фали неговата кулинарска и медицинска употреба. Во Древниот Рим и Египет, на неговото семе и листови им се припишувале афродизијачки својства. Некогаш било неизбежна состојка на сирупите против кашлица и лековите против скорбут, а и денес е популарна во многу кујни и домашни аптеки ширум светот.

Состав и лековитост на руколата

Руколата е вредна намирница, која во 100 грама содржи само десет калории, а изобилува со витамините А, Ц, К, рибофлавин и фолна киселина, но и калциум, магнезиум, бакар, железо, цинк и калиум. Еден оброк со рукола носи 83% од препорачаната дневна доза од витаминот К и 38% од препорачаната доза од витаминот А.

Магнезиумот и цинкот се најважните состојки кои ја прават руколата моќен афродизијак. Не само што го штитат организмот од стрес, туку помагаат и во синтезата на половите хормони. Поради нејзиниот ефект врз либидото и потенцијата, научниците ја имаат наречено ,,љубовна дрога,,. Како и повеќето зелени лисјести зеленчуци, руколата изобилува со антиоксиданси, го чисти црниот дроб и ја поттикнува жолчката и е иделно за пролетна детоксикација.

Руколата создава глукозинолати, кои во системот за варење се претвораат во изотиоцинати. Овие со бројните антиоксиданси во руколата го регулираат имунолошкиот систем, ја спречуваат макуларната дегенерација и остеопорозата и така активно штитат од рак. Ова растение е богато со хлорофил и сулфурни соединенија, кои го потпомагаат чистењето на организмот на ниво на клетките. Погодно е за келатната терапија, која се спроведува поради исфрлање на штетните метали од организмот.

Рикулата во кулинарството

Во кујната, руколата се подготвува како салата или се вари како зеленчук. Тоа е одличен додаток во мешани салати, тестенини и пити, а одлично е и во јадењата од ориз и компир.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина