Раскинување. Работа. Патувања. Службени патувања. Можат да постојат толку многу причини поради кои сексуалниот живот ви е на втор план. Меѓутоа, неговиот ,,недостаток,, може и на многубројни начини да влијае врз вашето здравје. На лош или на добар начин. Еве и како.

 

Поанкциозни сте

 

Сексот им помага на луѓето да се ,,издуваат,,. Истражувањата покажуваат дека оние кои апстинираат имаат повеќе потешкотии да се носат со стресните ситуации во споредба со оние кои имаат сексуален однос барем еднаш во петнаесет дена. За време на самиот однос, мозокот испушта ,,добри,, хемикалии, како што се ендорфин и окситоцин, што ви помага да се чувствувате поопуштено.

 

Поподложни сте на настинки

 

Помалку имање секс може да ја намали изложеноста на бактерии. За жал, со самото тоа доаѓа и до намалување на имунолошкиот систем – истражувањата покажуваат дека кај оние кои имаат односи еднаш до два пати во петнаесет дена доаѓа и до зголемување на имуноглобулинот (за 30%) во однос на оние кои ретко имаат односи. Имуноглобулинот е една од првите бариери на вашиот имунитет во одбраната против вирусите.

 

Се намалува ризикот од инфекции на уринарниот тракт

 

Речиси 80% од случаите на инфекции на уринарниот тракт се јавува дваесет и четири часа по сексуалниот однос. За време на односот, бактериите од вагината може да завршат во мокрачните канали, каде доведуваат до појава на инфекција.

 

Несигурност во врската

 

Стручњаците советуваат дека недостатокот на секс го зема данокот на среќа, блискост и сигурност во врската. Недостатокот на односи во бракот може да има влијание врз самодовербата, да предизвика чувство на вина и да го намали нивото на окситоцинот и другите хормони. Покрај тоа, може да дојде до зголемување на стравовите дека едниот од партнерите ќе се обрати на друг или друга за да има односи, а што може да влијае на чувството на параноја. Меѓутоа, тоа не значи дека парот кој нема односи не може да биде среќен пар. Сексот е само еден израз на блискост кај паровите. Бакнежоте, држењето за рака и пријатните и неочекувани изненадувања можат да им помогнат на паровите да се чувствуваат поврзано на емоционално ниво, дури и ако не го минувате времето на физичка поврзаност.

 

Тагови: секс
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина