Вода треба да пиеме толку што устата никогаш не треба да ни биде сува, да не ожеднеме и да можеме да произведеме околу 1,5 литри или повеќе безбојна урина секој ден. Можеби мислите дека е непрактично да пиете толку многу вода, но добар начин за да ја внесете вашата дневна квота вода е да го применуватеФуд Јогиутринскиот рехидрациски ритуал. Телото е природно кисело и дехидрирано наутро, бидејќи постело од вода добри 6 – 8 часови. Најдобар начин за прекинување на овој пост од водата не е со кисел тост или со кафе, туку со високо алкална изворска вода. И лебот исто така е кисел и ја зема водата, што доведува нашето тело уште повеќе да се дехидрира.

Најдобро е телото да се одржува во блага алкална состојба, со цел да се оддржи оптималното здравје. Зошто е ова важно? Двајца причинители се секогаш присутни кај болните од рак и други болести: киселост со многу ниско ниво на pH вредности во телото и недостиг на кислород. Овие кисели вредности можат да бидат резултат од кисела исхрана, стрес, зголемено ниво на токсини, недостаток на нутритиенти или која било ситуација која до вашите клетки не донесува доволно кислород. Идеалната киселина на крвта е околу 7,35. Телото секогаш ќе се обидува да ја надомести киселоста користејќи ги алкалните минерали кои се чуваат во вашето тело, бидејќи кога крвта би ја сменила својата pH вредност за вредност 1 или 2, во кој било правец, електричната хемија во телото би згаснала, и тоа би довело до смрт. Ако вашето тело нема доволно минерали, тогаш во клетките ќе се натрупа киселина.

Најдобар начин да се одбегне нарушувањето на оваа деликатна биохемиска рамнотежа е преку консумирање алкални намирници и пиење алкална вода. Повеќето од намирниците кои денес луѓето ги јадат произведуваат кисела реакција. Тука се вклучени кафето, алкохолот, чајот, преработената храна и животинските протеини. А, сиот зелен зеленчук има алкална реакција во телото и затоа е најсоодветен начин за смен ана вашата pH вредност од кисела кон благо алкална, пиењето ,,зелени напитоци,, и додавање зелен прашок како што јачменовата трева.

 

hidratacija1

 

 

Рехидрацискиот метод Фуд јоги

Рутината Фуд јоги ќе ве доведе до создавање на здраво, витално, алкално тело. Веднаш штом станете наутро и ќе ги завршите физиолошките потреби, отворете го прозорецот и вдишете трипати длабоко, со цел да се ослободите од застојаниот воздух во белите дробови. Следниот чекор е чистење на јазикот со лажица, за да ја отстраните слузта која се насобрала во текот на ноќта. Потоа испијте литар до литар и половина чиста изворска вода со pH вредност од барем 7,4. За дополнителна вредност, додадете во неа сок од еден исцеден лимон, со што ќе ја зголемите содржината на електролити и ќе ја прочистите водата. За таа количина да ја испиете ќе ви бидат потребни околу 30 минути. Откако ќе ја испиете, измијте ги забите и немојте ништо да јадете во следните 60 минути или додека не ја исфрлите поголем дел од оваа вода од организмот. Откако по втор или по третпат ќе појдете да ги извршите физиолошките потреби, урината треба да ви биде многу бистра и без мирис. После појадокот, ручекот или вечерата, немојте ништо да пиете барем еден час. Меѓу оброците продолжете да пиете мала количина изворска вода, со цел да ја одржувата усната шуплина влажна. Ако сакате да пиете некаква течност за време на оброците, тогаш потрудете се тој пијалок да биде врел или топол и да пиете многу малку од него – само толку колку за да помогне во варењето.

Со консумирањето на голема количина вода наутро, нашето тело останува ходратизирано преку целиот ден и само малку ќе треба да му се додаваат течности за нашиот телесен систем да може да функционира оптимално. Утринската хидрациска рутина докажано помогнала во отстранувањето на многу болести, како што се повишениот крвен притисок, дијабетесот, затворот, мигрената, артритисот и многу стомачни проблеми. Третманот нема никакви нус – појави, освен што на почетокот ќе мокрите малку повеќе од она на кое имате навикнато.

Во случаите кога личноста не пие доволно вода во текот на денот, клетките стануваат истрошени од својата енергија, што резултира со тоа што стануваат зависни од енергијата која се добива од храната. Тогаш телото е принудено да ги складира мастите и да ги користи своите резерви од протеини и скроб, бидејќи тие се полесни за користење од складираното сало. Покрај нездравата исхрана и телесната неактивност, ова е критичната причина зошто толку многу луѓе страдаат од дебелина.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина