Што е тоа чиа и за што помага?

Семето чиа има многу долга историја како лековита билка. Откриено е во Мексико и ги одгледувале уште Ацтеките. Денес, чиа семето комерцијално се одгледува во Централна и Јужна Америка. Воглавно е познато како богат извор на омега 3 масните киселини. Поради своите лековити својства, го користат луѓето кои имаат проблеми со дијабетес, висок крвен притисок, а се користи и за намалување на срцеви заболувања и мозочен удар (генерално за кардиоваскуларни болести).

Како делува кај болни од дијабетес

Оние кои имаат дијабетес, почесто заболуваат од болести на срцето и мозочен удар (кардиоваскуларни болести). Постојат некои докази дека оние со дијабетес можат да ги намалат тие ризици ако консумираат леб богат со семето на оваа билка, кои се викаат Салба. Количината на Салба семки потребна за да се намали ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар, е 37 грама дневно за 12 недели. Оваа доза е доволна за да се намали крвниот притисок и да се намали нивото на Ц-реактивниот протеин и Фон Вилебранд крвниот фактор. Ц-реактивниот протеин е ,,маркер,, за воспаленија, процес за кој некои истражувачи сметаат дека е одговорен за некои облици на болести на срцето. Помал Ц-реактивен протеин значи дека воспалението е помало. Фон Вилебранд факторот, пак, е еден од факторите за згрутчување на крвта. Помало негово присуство може да значи дека се формираат помали грутчиња, кои можат да доведат до срцев или до мозочен удар. Меѓутоа, консумирањето на семето Салба не влијае кај сите болести на срцето и фактори на ризик за мозочен удар. На пример, јадењето семки Салба во лебот не е доволно за да се намали нивото на холестерол.

Влијание кај метаболичен синдром

Раните истражувања покажуваат дека дневното консумирање на 500 калории помалку на пијалок кој содржи протеин од соја, Нопал, чиа семе и зоб, во траење од 2 месеци, може да ја намали телесната тежина, индексот на телесна маса, како и обемот на половината кај луѓе со метаболичен синдром. Меѓутоа, и луѓето кои само ќе го намалат внесот на калории имаат слични резултати. Сепак, кај оние кои пијат напиток кој содржи чиа семе се намалува и нивото на триглицериди и шеќер во крвта, што е значително подобрување со само намалениот внес на калории.

Дозирање

Соодветната доза на чиа семенки зависи од неколку фактори, како што се староста на корисникот, неговата здравствена состојба како и неколку други услови. Во овој момент не постојат доволно научни информации за да се утврди соодветната доза за консумирање на чиа семето. Сепак, нутриционистите препорачуваат една лажица чиа семе дневно, а при користење да се пие многу вода, бидејќи се многу богати со влакна.

Сепак, многу е важно да знаете дека:

  • не содржат глутен

  • поради високата концентрација на влакна, го олеснваат варењето и ги лекуваат симптомите на болести на дигестивниот тракт

  • содржат 20% омега 3 масни киселини, кои се едни од најдобрите намирници за здравје на мозокот и срцето. Содржат дури осум пати повеќе од овие киселини од лососот.
  • содржат 20% протеини и осум видови амино киселини

  • многу важен антиоксиданс

  • содржат пет пати повеќе калциум од млекото и седум пати повеќе витамин Ц од портокалите

  • содржат три пати повеќе железо од спанаќот и двапати повеќе калциум од бананите

  • го поттикнуваат здравјето на кожата, косата и ноктите

  • одлично го одржуваат нивото на гликоза во крвта и затоа се одлични за дијабетичарите

  • одлична замена се за јајцата

 

Тагови: чиачиа семе
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина