Водата ги подобрува менталните функции, помага во губењето на килограмите, таа е гориво за работата на мозокот и заштитник од разни болести. Оние кои пијат по шест часа вода девно можат да загубат три килограми масти за една година.
Наведуваме неколку факти за водата која можат да не поттикнат да ги испиеме препорачаните шест чаша дневно.

Ги подобрува менталните функции

Речиси 80% од мозочното ткиво с состои од вода, па многу е важно да се напојува со неа. Клиничките тексотоиви покажуваат дека дехидратацијата го намалува помнењето и ја нарушува концентрацијата. Логиката на нештата е значително едноставна. Ако на мозокот му се одземе најважната состојка за работа, тогаш се појавува проблем. Тоа е како да возиме автомобил без гориво.
Во мозкот, водата ги разредува течностите кои ги разнесуваат ензимите и протеините и помаг аза нивно пренесување кон одредиштето. Кога телото е дехидрирано, течностите побавно се движат во мозокот и со тоа му се забавува работата. Водата исто така ги отстранува слободните радикали од мозокот, кои го оштетуваат клеточното ткиво, што понатаму ја забавува неговата работа.

Водата е клучна состојка на рскавицата

 

Водата е исто така составен дел од течноста која ги опкружува зглобовите, а задача и е да ги помага тие споеви и да служи како амортизер за удари. Ако во организмот има доволно вода, ќе има помалку триење во зглобовите, а тоа значи и помалку артритис.

Водата го чисти организмот од штетни материи

 

Штетните материи насобрани во цревата или мочниот меур, што ги зголемува шансите за да одбегнеме да добиеме рак. Водата го отстранува и вишокот сол од организмот. Повеќето истражувања покажале дека големата количина сол има врска со високиот крвен притисок, а потоа и со нарушувањата во работењето на срцето. Водата може да спречи и желудочни киселини, додека со мокрењето се ослободуваме од материите кои можат да прдизвикаат настинки и воспаленија.

Помага во губење на килограмите

 

Ако сте гладни, напијте се чаша вода. Таа не содржи калории или масти, а докажано е дека може да го ублажи гладот. Што е уште поважно, водата го забрзува метаболизмот. Повеќе вода значи повеќе и побрзо согорени калории. Истражувањата покажуваат дека по две испиени чаши на организмот му се потребни од десет до 40 минути за да ги започне метаболичките процеси, а тогаш согорува 30% повеќе калории. Некои истражувања покажале, пак, дека оние кои пијат по шест чаши вода дневно дневно можат да загубат три килограми за една година.

Спречува кариес

Познато е дека водата произведува неколку важни телесни течности, вклучувајќи ја и плунката, кој е важна за борбата против кариесот. Пропаѓањето на забите започнува со насобирање на киселините кои ја нагризуваат забната глеѓ. Плунката ги неутрализира тие киселини, а содржи и посебни минерали кои помагаат за обнова на забите.

Важно е да се пие потребната дневна количина на вода, но без претерување

Просечниот човек троши од три до четири чаши вода на ден преку дишењето и потењето. Ако на тоа ги додадеме неколкуте посети на тоалетот во денот и малку вежбање, веќе имаме загубено осум чаши вода, зато е многу важно да се надомести загубената количина, но треба да се внимава притоа да не се пртера. Преголемата количина вода може да го зголеми процентот на натриум во водата, а тоа може да доведе до проблеми со варењето, напади, па дури и кома. За претерана количина вода за една возрасна личност се сметаат девет литри вода дневно.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина