Растенија против ќелавост
Многу мажи би сакале да го спречат ќелавењето, додека жените бараат начин како да ги отстранат несаканите влакненца на лицето и телото. За овие два проблеми решението е природно и се наоѓа токму во следниве растенија.
Чичка и врба
Чичката во руската народна медицина отсекогаш била лек ,,број еден,, против ќелавеење. Водата од листовите на ова растение била користена за миење на косата, додека од нејзиниот корен се подготвувало масло за кожата на главата. Денес, маслото од чичка може да се најде во сите аптеки иако може да се подготви и во домашни услови.
На пролет се ископува свежиот корен од чичка, добро се мие и се сецка ситно. Се прелева со нерафинирано маслиново или сончогледово масло во сразмер 1:2 и се остава да отстои на сонце две недели. Потоа се втрива од него на кожата на главата, три – четири пати дневно.
На ист начин може да се подготви и масло од коренот на врбата, кое исто ткаа го спречува опаѓањето на косата. Во овој случај средството мора да отстои еден месец пред употреба.
Коприва и подбел
Пред да се нанесе маслото од чичка, задолжително треба да се измие косата и да се исплакне со чај од коприва и подбел. Ова средство значително ќе го засили ефектот на лекување.
Направете смеса од иситнети листови од коприва и подбел во сразмер 1:1. Прелијте една чаша од нив со еден литар врела вода и оставете ги да отстојат два часа. Потоа чистата коса исплакнете ја со овој чај.
Слично дејство ќе има и чајот подготвен од мајчина душичка или шишарки од хмељ.
Овес
Лековите за надворешна употреба ќе делуваат поефикасно ако за време на третманот консумирате истовремено чај од овес како дополнително средство.
Две чаши неизлупен овес во зрно се прелеваат со шест чаши врело млеко. Се вари овесот на тивок оган околу две минути, а потоа се остава да отстои 30 минути. Добиениот напиток се процедува и се пие по една чаша три пати дневно.
Татула
Доколку сакате да го забавите растот на непосакуваните влакна, тогаш тоа може да го постигнете со масло подготвено од татула.
Семето од ова растение заедно со листовите се прелева со нерафинирано маслиново или сончогледово масло во сразмер 1:2 и се остава да отстои две недели на сонце. Со него мачкајте ги оние делови од телото каде има зголемена влакнетост, веднаш по депилација. Притоа важно е тие делови да бидат претходно епилирани, бидејќи маслото мора да делува директно на фоликулите. Користете го средството секојдневно два – три месеци.