Со векови, ѓумбирот е традиционален лек против мачнини, па им се препорачува на бремените жени, но и на луѓето кои минуваат низ хемотерапија. Поради пријатното дејство на желудникот, но и на целиот дигестивен тракт, ѓумбирот станал исклучително популарна состојка на многу препарати за слабеење и забрзување на метаболизмот – но и за подобрување на имунитетот, бидејќи содржи многу витамин Ц. Освен тоа, не ви се потребни скапи препарати за да го подготвите овој напиток.

Потребно е:

  • 1,5 л. вода
  • – парче ѓумбир (околу 5 см.)

Подготовка:

Ставете ја водата да зоврие, па кога ќе зоврие додадете го ѓумбирот исецкан на парченца. Оставете ја течноста така да отстои, па потоа процедете ја и сипете ја во термос или во шише. Не постои одредено време кога треба да пиете од овој напиток ниту некој посебен начин за негово пиење. Можете да го пиете во текот на целиот ден.

Ѓумбировата вода (или чајот од ѓумбир) се пие шест месеци без престан за најдобри резултати. Затоа треба да се стекнете со навика да ја носите насекаде со вас, како лимонада во шише. Резултатите од нејзиното консумирање се подобар квалитет на кожата, повеќе енергија, побрз метаболизам и намален број на килограми. Сето ова ќе го забележите веќе по првиот месец од ,,дружењето,, со овој волшебен напиток.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина