Пушачите имаат поголеми изгледи за губење на слухот од непушачите и ризикот расте со секоја испушена плус цигара, покажало едно јапонско истражување. Во истражувањето учествувале 19.000 испитаници кои биле пушачи, 9.800 поранешни пушачи и 21.000 непушачи.

 

Научниците ги анализирале податоците од речиси 50.000 јапонски работници на возраст од 20 до 64 години, кои на почеток од истражувањето не пателе од проблеми со слухот. На крајот од истражувањето, во кое ги следеле осум години, кај повеќе од 5.100 од нив слухот наслабнал.

 

Во споредба со непушачите, пушачите имале за 60% поголеми изгледи за слабеење на слухот за високи фрекфенции, поради кои тешко се разбира човечкиот глас во услови на врева. Исто така, пушачите имале за 20% поголеми изгледи за губење на слухот за подрачје на ниски фрекфенции, поради кои не можат да распознаат длабоки гласови.

 

– Колку повеќе некој пуши, толку е поголем ризикот за губење на слухот – вели водачот на студијата, Хуанхуан Ху од одделот за епидемиологија и превенција при Националниот центар за здравје во Токио.

 

Престанокот со пушење речиси целосно го отстранува дополнителниот ризик од губење на слухот, дури и меѓу оние кои престанале со пушењето од неодамна – вели Ху.

 

Поради тоа што ризикот за губење на слухот расте со секоја испушена цигара, луѓето кои не можат да престанат да пушат ќе треба да го намалат бројот на испушени цигари колку што можат најмногу.

 

На почеток од истражувањето 19.000 испитаници биле пушачи, 9.800 поранешни пушачи и 21.000 непушачи. Пушачите во ова истражување имале поголеми изгледи да патат од хронични здравствени проблеми како што се зголемен крвен притисок и дијабетес.

 

Во споредба со непушачите, оние кои пушеле до 10 цигари дневно имале за 40% поголеми изгледи да го загубат слухот на високи фрекфенции и 10% поголеми изгледи за губење на слухот на ниски фрекфенции.

 

Со 10 до 20 испушени цигари дневно имале за 60% поголеми изгледи за губење на слухот на високи фрекфенции и 20% поголеми изгледи за губење на слухот на ниски фрекфенции. Додека, пак, со повеќе од 20 испушени цигари дневно, губењето на слухот при високи фрекфенции изнесувал 70%, а за ниски – 40% во однос на непушачите.

 

Тагови: пушењеслух
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина