Во денешно време секој од нас е изложен на стрес и има се повеќе луѓе кои имаат проблем со нервозата. Наместо да пиеме лекови, можеме да си помогнеме на себе на природен начин. Анасон, мајчина душичка, камилица, кантарион, лаванда… се само некои од растенијата кои успешно отстрануваат страв, нервоза, стре, неправилно работење на срцето, главоболка и несоница.

 

Анасон

 

Ова растение со интензивен и карактеристичен мирис може да биде одлично средтсво за смирување. Анасонот ги смирува и јакне нервите и помага против нервоза, раздразливост, хистерија и несоница. Освен што ги смирува нервите, смирува и надуеност, а може да се користи и при болни менструации.

 

Мајчина душичка

 

Лековитите состојки на ова растение се во неговите лист и цвет, а нејзините етерични масла ги опуштаат мускулите. Делува многу поволно врз нервниот систем, релаксира, помага при психичка напнатост и нервоза и овозможува добар сон. Со оглед на тоа што нејзините состојки лесно ветреат, треба чајот да го подготвувате во поклопен сад за да ги загуби лековитите својства. Лажица мајчина душичка прелијте ја со две децилитри врела вода, поклопете го и оставете го да отстои половина час. Кога чајот ќе се олади, процедете го и испијте го. Ако ви пречи горчината, засладете го со мед.

 

Камилица

 

Ова лековито растение го опушта целото тело. Ги омекнува и смирува ткивта и мускулите. Силни дози чај од камилица помагаат при несоница. Камилицата е честа состојка во мешавините кога се работи за растителен лек за смирување.

 

 

Лаванда

 

Растението со пријатна миризба од дамнини се користело против несоница и за лекување нерви. Лавандата може да се стави во бања пред спиење или да се подготви смирувачки чај. Освен што ги опушта мускулите, смирува нервоза и вознемиреност, чајот од лаванда делува ефикасно и во случаи на нарушен сон. Чајот се подготвува едноставно, а делува брзо. Прелијте со вода две лажици цветови од лаванда и оставете ги да отстојат десте минути. Потоа процедете ги, засладете го чајот со мед и пијте по две шолји дневно.

 

Маточина

 

Делува позитивно на психата. За лековитите својства на ова растение најзаслужни се есенцијалните масла кои ги отпуштаат мускулите, го јакнат срцевиот мускул и делува како антибиотик. Може да се користи сам или во комбинација со другите растенија.

 

Чајот од маточина помага кај главоболки предизвикани од нервоза. Во еден литар вода сварете две лажици суви листови маточина, оставете да отстоти десеттина минути, а потоа процедете.

 

Кантарион

 

Најпознатот природен лек против депресија. Неговите антидепресивни ефекти се ценети и во конвенционалната медицина. Кантарионот веќе векови се кристи како лек против депресија, потиштеност, анкциозност, како и кај проблеми со нервите. Содржи танини, хиперицин, смола, антоцијан, етерични масла и азулен, а за разлика од синтетичките лекови не создава зависност, ниту има штетни нус-појави.

 

Чај од ова растение се прави така што средна лажица суви цветови кантарион се прелеваат со шолја врела вода и се процедува по пет минути. Се пие голтка по голтка. Овој напиток најдобро е да се зема пред појадок и непосредно пред спиење.

 

Валеријана

 

Со векови се употребува за ублажување на некое нервни тегоби. Како средство за користење се користи сама или во комбинација со други растенија, во облик на чај или тинктура.

 

Многу е ефикаса и оваа чајна мешавина. Се мешаат 30 грама иситнет корен од валеријана, листови од нане и листови од горчлива детелина. Една супена лажица од оваа смеса се прелева со 2,5 врела вода, се остава да остои поклопено пловина час и се процедува. Се пие три пати на ден, по еден филџан топол чај, после јадење.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина