Длабоко во амазонската прашума расте растението кое внесе револуција во разбирањето на лекувањето на ракот, како меѓу докторите, така и меѓу пациентите ширум светот. Се повеќе се зборува за него и се повеќе закрепнати пациенти со закрепнато здравје сведочат за неговата ефикасност. Ова растение, за кое светот вон појасот на Амазон немаше слушнато, е вистински скапоцен камен од ризницата на природната аптека.

Гравиолата, чие латинско име е Аnnona muricata, е зимзелено растение со потекло од Јужна Америка. Расте уште и на југот на Мексико, Перу и дел од Бразил, додека најмасовно се одгледува на просторите на Севера Америка и западна Африка. Успева како што гледаме само во подрачја со висока влага и релативно топли зими, бидејќи не поднесува температури под пет степени. На ниски температури нејзините листови и гранки трпат неповратни оштетувања и ги губат своите скапоцени состојки.

По вкус, гравиолата има сладок и пријатен вкус кој потсетува на јогурт со јагоди, комбиниран со ананас и банана. Нејзините зрели плодови се извор на витамин Ц, на витамините од Б – групата, фолна киселина и есенцијални минерали, додека нејзините кора, лист, корен и семе со векови се користат во медицината на јужноамериканските Индијанци, бидејќи изобилуваат со алкалоиди и биоактивни соединенија ацетогенини. Во Перу, листовите од гравиола се користеле уште од дамнина за смирување, како диуретик и аналгетик, а во Бразил како лек за црниот дроб и проблеми при бројни тегоби, како што се артритис, астма и болести на срцето и жолчката. Плодовите и сокот од гравиолата традиционално се употребуваат за излачување на млекото кај доилките. Во исхраната се употребува плодот во свеж облик или сокот од плодот. Во перуанска Амазонија, чајот од листови гравиола се користат како средство за смирување и против дијабетес, во Индија се препорачува за подобар сон, против болести на нервите и настинки, но и како средство за побрзо трезнење. Во Африка, пак, наоѓа примена како алангетик и како лек за детска треска.

Денес, современите истражувања покажале дека гравиолата има и силно антиканцерогено дејство. Доколку им се верува на научниците, таа ги убива клетките на ракот и е дури десет илјади пати посилна во однос на современите лекови кои се употребуваат во хемотерапијата. Освен тоа, за разлика од цитостатиците, кои ги уништуваат и здравите клетки, ова растение делува исклучиво само врз заболените од рак клетки. Лабораториските тестови покажале дека екстрактот од стеблото на гравиолата ги убива малигните клетки на дури 12 видови рак, меѓу кои спаѓаат ракот на дебелото црево, ракот на дојката, ракот на простата, ракот на белите дробови и ракот на панкреасот.

Притоа, при уништувањето на клетките зафатени од рак нема никакви негативни последици, како што е мачнини, гуење на косата и губење од тежината. Во исто време, го штити имунолошкиот систем, помага во одбегнување на смртоносните инфекции, воспоставува нормално работење на органите, ја враќа животната енергија и позитивниот поглед на животот. Покрај сето ова, гравиолата успешно се бори со габите, бактериите и паразитите, ги ублажува депресивните состојби, го регулира крвниот притисок, лекува астма, артритис и болести на срцето.

Зрелите плодови на гравиолата се вистинска ризница на витамините Ц, Б1 и Б1 и на минералот фосфор.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина