Оваа стара кинеска боречка вештина денес се користи во терапевтски цели, бидејќи продонесува за зачувување на здравјето и влијае на брзото закрепнување по болест. Таи чи чуан е уметност на движења водени од мирен и стабилен ум, поради што оваа вештина многумина ја нарекуваат медитација во движење.

Можат да го вежбаат многумина – и деца, и возрасни, и пензионери и професионални спортисти, и болни и здрави, и тоа на кое било место – во сали, во природа, паркови, покрај море, реки и езера. Во најмодерните клиники во светот вежбите на таи чи чуан се воведуваат како составен дел на лекувањето, бидејќи го забрзуваат закрепнувањето по некоја болест.

Таи чи чуа е стара кинеска вештина која ја катактеризираат лесни движења проследени со правилно дишење. Оние кои секојдневно ја практицираат им помага подолго време да ја задржат виталноста, младоликоста и долговечноста.

 

Природен лек за притисок

Лесните движења на таи чи доведуваат до нормално свиткување и истегнување на мускулниот и коскениот систем, со што се јакне и поттикнува циркулацијата на крвта и енергијата, што во финалето делува како превентива од болестите на срцето и артериосклероза. Јаглерод диоксидот се исфрла со длабоко дишење, тоа го поттикнува парасимпатичкиот нервен систем, па крвните садови се опуштаат и шират, притисокот се спушта и се намалува количината на холестерол. Со длабокото вдишување во телото влегува кислород, што го поттикнува симпатичкиот нервен систем, па крвните садови се контрахираат и се подига крвниот притисок. Ваквото природно наизменично дишење предизвикува отворање и затворање на крвните садови и ја зголемува еластичноста на нивните ѕидови, а тоа е најдобрата превентива против инфаркт и артериосклероза. Овие вежби помагаат за подобра циркулација на крвта, ги јакнат контрактивните способности на срцето и ја регулираат функцијата на нервниот систем.

Стресот за миг исчезнува

Таи чи доведува до природна избалансираност на умот и телото, како и до целосна длабинска релаксација, па затоа е идеално средство за отстранување на стресот.
Пораид ефикасноста на таи чи при одбраната од стрес, за зголемување на концентрацијата и помнењето и за релаксираност, се повеќе компании го воведуваат во редовната неделна прорама за своите вработени. Со тоа се зголемува продуктивноста и се намалува бројот на деновите поминати во боледување, а индиректно придонесува за подобри меѓучовечки односи и подобро расположение кај вработените. Доволно е таи чи да се вежба по 15 минути дневно, за да се почувствуваат ефектите од него, односно да се дојде до совршена хармонија на умот и телото.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина