Секој ракопис е уникатен, исто како и отпечатокот од прст, а од само неколку реченици на хартијата можно е да се прочитат многу болестиТајната лежи во притисокот на моливот/пенкалото на подлогата. Ако е променлив, варира од послаб до посилен, и тогаш е видлива разликата помеѓу потемните и посветлите букви. Ако ги накосувате буквите во лево, а потоа во десно, тоа може да биде знак за шизофренија. Уште еден показател за оваа душевна болест може да биде закривеноста на буквите, која се менува од реченица до реченица. Тоа воедно е и знак дека човекот нема добра увид во стварноста.

Со помош на ракописот може да се открие и Алцхајмерова болест, посебно ако се работи за букви со неправилен и ,,потреперувачки,, изглед. Во овој случај, ракописот се влошува со влошување на менталната состојба, а пишувањето со тек на време станува се побавно. Зборовите се разликуваат многу и има видливи потреперувања на одделни букви. Слично е и кај Паркинсоновата болест која, освен потреперувања, ја карактеризираат и тесни и згрчени букви, а ракописот понекогаш станува толку мал, што ни самиот автор не може да го прочита.

Од друга страна, ситните букви откриваат перфекционисти и интровертни луѓе кои имаат силен фокус и концентрација. Овие луѓе можат да се пофалат со аналитички мозок, висока интелигенција и предаденост во извршувањето на разни задачи. Практични се и често ги мачат црни мисли.

Со големи букви пишуваат најчесто животните оптимисти и отворени луѓе кои сакаат комуникација и контакт со другите. Тие често немаат проблем со самодовербата и се особено многу ориентирани кон другите. Емпатични се, но понекогаш суетни. Оптимисти се и фантазери.

Нетрпеливите пишуваат брзо, организираните со бавно темпо.

Ако не сакате да губите време, сигурно дека ќе пишувате многу брзо. Но, ако не ви се брза никаде со пишувањето, можно е да верувате во себе и своите способности, добро сте организирани и секоја работа ја завршувате во зададениот рок.

Песимистите се потпишуваат под цртата, а храбрите сакаат необични потписи. Таинствените луѓе ,,чкртаат,, или пишуваат нечитко.

Потписот под цртата означува песимист, ако лебди над линијата, се работи за оптимист. Буквите кои се многу поголеми од оние од остатокот од текстот упатуваат на амбициозен човек и многу способен, кој сака да го видат и слушнат. Малите потписи се карактеристични за срамежливите.

Оние луѓе чии букви се разделени во зборовите се креативни, интелигентни и уметнички типови, кои во животот ги води интуицијата. Споените букви се карактеристични за оние кои одлично анализираат, промислено носат одлуки и кон се пристапуваат логично.

Пишувањето на хартија помага при помнењето

Истражувањата покажуваат дека пишувањето на хартија е многу подобар начин на учење од пишувањето на компјутер. Студентите кои учат од напишани текстови постигнуваат многу подобри резултати, за разлика од нивните колеги кои учеле со помош на дигитални белешки.

Ако некој има нечитлив ракопис, но и се потпишува неразбирливо, намерно сака да се покаже таинствен и не сака другите да знаат што мисли.

Тагови: ракопис
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина