Дружењето со одредени луѓе, допирите, мирисите, па и самиот поглед, може да ,,собере,, необични зарази. Се имате уверено и со зевањето, но што е со некои емоции или однесувања – добри или лоши? Е, тие и тоа како можат да бидат заразни.

Чешање

Како и зевањето, и чешањето е преносливо, поточно чувството дека нешто ве чеша. Кога ќе видите некој како се чеша, сигурно и вие ќе се почешате. Се верува дека тоа е од сочувствување, додека некои почнуваат да се чешаат и на самото спомнување на вошки, пајаци или бубачки.

Страв

Сосема лесно се шири, бидејќи е навистина пренослив. И, не станува збор за чувство, туку за мириси. Имено, при едно истражување на кандидатите им било дадено да помирисаат пот од исплашен човек и сите имале престрашен израз на лицата и биле повеќе внимателни. Се верува дека тоа е еден од начините со кој се заразуваме со страв. Се чини дека во група на страшливци најдобро е да го држиме затнат носот.

Радост

Стотици илјади пати сме биле среќни поради некого, кој исто така бил среќен. Меѓутоа, не треба дури ни да бидеме покрај таа личност (или покрај нејзините феромони кои ги излачува) – доволно е само да гледаме некој друг како е среќен додека ја гледа личноста која е среќна поради нешто. Радоста лесно се пренесува од човек на човек. Ако имате некој позитивец во фирмата, атмосферата е веднаш подобра, нели? Радост, позитивна енергија, шега – сите тие не прават среќни и се заразни.

Стрес

Доколку имаме негативец во фирматата, стресен шеф или работник кој внесува нервоза, тоа може да го уништи целиот работен тим. Стресот лесно се пренесува од другите луѓе на нас. Дури и ако дојде доставувач кој ви носи храна, а биде под стрес, нељубезен и нервозен, тоа може да се одрази на вашето работење. На сличен начин како и со стравот, мирисот или потта од страшниот човек буди и во нас исто лошо чувство.

Цели

Многумина од нас посакуваат нешто дури откако ќе видат дека и другите го имаат. Тоа ни се случува уште од мали нозе. Но, пред да ,,украдете,, нечија цел, размислете добро дали е тоа она што навистина ви треба, она по што копнеете.

 

Осаменост

Луѓето се чувствителни суштества и сочувствувањето можеби не е толку независно од нашите сетила. Осамените луѓе, за жал, се честопати негативни и нетолератни, нервозни и тоа преку зборови и дела го пренесуваат на другите. Обично кон другите се однесуваат лошо и тогаш луѓето исто така реагираат лошо и кругот продолжува.

Негативно размислување

Дека е преносливо потврдиле студентите – цимери. Докажано е дека доколку имате исклучително мрзлив цимер, кој гледа негативно на животот, тоа ќе премине и на вас. (Освен ако немате позитивни пријатели, кои можат да ве вратат во рамнотежа). Во повеќето случаи, ако минувате многу време со цимерот, ќе почнете и да размислувате како него. Така што не сме многу далеку од оној израз ,,со кого си – таков си,,.

Без здив

Ако во теретана или додека џогирате видите некој кој останал без здив или тешко дише, сигурно и вие ќе почнете да се чувствувате исто или ќе ви се забрза дишењето. Не станува збор за тоа дека на тој начин сочувствуваме со некого, туку понекогаш на некои работи не можеме, а да не реагираме на ист начин.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина