Една студија објавена во магазинот “Анали на ендокринологијатаукажува на она што е веќе општопознато, наведувајќи дека пред менструалниот циклус жените имаат зголемена желба за слатки и чоколада. Но, зошто е тоа така?

Истражувачите веруваат дека овој копнеж на жените, кој се јавува неколку дена пред добивање на месечниот циклус, може да се објасни со флуктуацијата на ,,хормонот на среќа,, серотонинот, кој е задолжен и за промена на расположението.
Одговарајќи на студијата, нутриционистот Лимор Баум вели: ”Едно објаснување на женскиот копнеж по слатки е ниското ниво на серотонон, кој предизвикува раздранетост и нестабилност во расположението. Јагленохидратите го зголемуваат нивото на серотонин и со самото тоа можно е да направат жената да се чувствува во тие мигови подобро, па копнежот по нив е нормално биолошко објаснување”, додава Баум.

Овесните снегулки, кафеавиот ориз, слаткиот компир, сувото оошје, лебот од цели житарки, јогуртот, овошјето и гравот се пример за здрави намирници. Ако оваа храна се консумира редовно за време на предменструалниот циклус, копнежот по слатки и нездрави намирници ќе биде помал. Во ова истражување на Националниот институт за диетални и хранливи технологии во Тунис, учествувале 30 здрави жени на возраст од 18 до 45 години.
Тие дознале дека жените, помеѓу првиот и третиот ден од циклусот консумирале во просек по 1.688 калории дневно. Но, бројот се зголемил за 476 калории дневно три дена пред почеток на циклусот. Тоа ја покажало причината поради која жените најлесно добиваат на тежина токму за време на овој период.
Во дискусија за резултатите, истражувачите навеле дека сето тоа може да се објасни со промената на нивото на хормоните во јајчниците за време на менструалниот циклус. Секако, жените можат да трошат повеќе енергија во периодот пред циклусот, што може да помогне во спречувањето на добивањето на вишокот килограми, бидејќи студијата покажала дека нивниот обем на половината не се зголемил. Исто така, треба да се земе во обзир и надуеноста на која жените се подложни за време на циклусот.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина