Бананата е тропско (јужно овошје), но достапно е за исхрана во целиот свет, во речиси секое доба. За хранливите и лековити својства на бананата воглавно многу се знае, во еве уште неколку корисни податоци за неа.

Бананите се високи, воглавно едногодишни, растенија. Интересен е фактот што тие се всушност зелјести растенија, иако многу потсетуваат на дрвја. По потекло се од Азија, но во Европа плодовите најмногу се увезуваат од Африка и од Јужна Америка. Се проценува дека има приближно 50 сорти банани.

 

Корисни состојки

Поради своите особини, бананата не е погодна за диетална исхрана, но затоа е богата со минерали, витамини и други корисни состојки. Плодот има енергетска вредност од околу 100 кило калории.
Бананата во себе ги содржи следниве состојки:

  • бакар
  • белковини
  • бета-каротен
  • растителни влакна
  • растителни масти
  • витамин А
  • витамин Б6 и Б12
  • витамин Е
  • витамин Ц
  • железо
  • калиум
  • калциум
  • магнезиум
  • манган
  • минерали
  • натриум
  • триптохан
  • јагленохидрати
  • фолна киселинаа
  • фосфор
  • хлор
  • шеќер (фруктоза и гликоза)

 

 

Примена во исхраната

 

Бананата во исхраната се користи како десерт, за подготовка на сокови, кремови, како додаток во некои салати, колачи, па дури и како сировина за ракија.
Посебно бананата се препорачува за појадок или ужина, бидејќи многу брзо му ги дава на организмот потребните состојки, па е посебно корисна за спортистите и децата како меѓуоброк или како помошен оброк. Истражувањата дошле до заклучок дека две банани дневно даваат енергија за речиси 100 минути фиизчки напор. За спречување прекумерна дебелина, се советува да се изеде едно парче банана, а не некое слатко.

 

Користење

 

Баната е добар антиоксиданс и делува против бактерии и вируси, па стручњаците препорачуваат ,,една банана дневно како лек,,.
Бананите не треба да се чуваат во фрижидер ниту во замрзнувач, бидејќи така бро се расипуваат и ги губат хранливите состојки.
Треба да се води сметка за тоа дека кај одреден број луѓе бананите предизвикуваат алергија. Затоа се препорачува првпат на бебињата прво да им се даваат кашички од банани, за да се провери дали се склони на алергии од нив.

Лековити својства

Бананата може да се користи во лекување на следниве тегоби и болести:

  • авитаминоза
  • акни
  • анемија
  • болести на срцето
  • бронхитис, настинки и грип
  • дебелина
  • желудочни киселини
  • губење на концентрација
  • депресија
  • дијабетес
  • запек
  • импотенција
  • инфаркт
  • утрински мачнини
  • јакнење на имунолошкиот систем
  • кашлица
  • мамуркул (фрапе од банани)
  • мозочен удар
  • неплодност
  • нервоза
  • вртоглавица
  • одвикнување од пушење
  • ПМС
  • зголемена температура
  • зголемен крвен притисок
  • проблеми со дигестијата
  • проблеми со желудникот
  • проблеми со нервите
  • проблеми со крвните садови
  • проблеми со помнењето
  • проблеми со бременост
  • пролив
  • раздразливост
  • регулирање на шеќерот во крвта
  • намалување на заморот
  • стабилизирање на цревната флора
  • стрес
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина