Сакате да ја дознаете тајната за постојана мотивација за вежбање?

Ваквите работи ве чекаат пред или по тренирањето.

Не се шегувам воопшто кога велам дека расположението ми скокна од нерасположеност до чиста возбуда во последниве два дена (нерасположението беше само поради должината на овие фази од вежбањето, а не дека не ја сакам програмата) кога ќе ми паднеше на памет дека овие ми се во фрижидерот. Чоколадата ја има таа моќ.

Тажно е кога ќе се вратиш дома после патување и ќе наидеш на празен фрижидер, но вистинска тага и фрустрираност е кога после добра серија вежби немаш при рака храна. Ако сакам да постигнам успех во исхраната и притоа да се фокусирам на содржината на протеини, ќе морам секогаш да имам испланирано да имам при рака ваква ужина по напорното вежбање. Во спротивно, работите се усложнуваат.

 

proteinski-cokoladni-torticki

 

Овие планирани прекрасни тортички не содржат само 3 различни видови чоколада во нивните 10 гр., туку и величествени протеини во секое парче одделно.

Еве како да ги направите.

Состојки:

  •  1 филџан пченкарно брашно
  •  1/4 филџан бадемово брашно
  • *1 лажичка протеин од сурутка во прав со вкус на ванила
  •  1 лажичка протеин од сурутка во прав со вкус на чоколада
  •  3 лажици незасладено темно какао во прав
  •  1/2 лажица сода бикарбона
  • *1/4 лажичка сол
  •  1 јајце (цело)
  •  2 белки
  • 1/4 филџан стевиа мешавина од засладувач и прашок за пециво
  •  1/3 филџан незасладено пире од јаболки
  •  1/4 филџан грчки јогурт
  •  1/4 филџан бадемово млеко
  • 3 лажици темна чоколада (по желба)
  • 3 лажици сецкани ореви (по желба)

 

proteinski-cokoladni-torticki1

 

Подготовка:

Претходно загрејте ја рерната на 180 целзиусови степени и намастете го со масло плехот во кој ќе ја печете смесата. За тоа време во сад за матење почнете да ги матите јајцата (целото јајце и двете белки) со засладувачот стевиа додека целосно не се поврзат. Потоа измешајте ги во нив и другите состојки и продолжете да матите додека не добиете компактна смеса. На крај додадете ги темната чоколада и оревите (секако, доколку сакате). Кога се ќе се поврзе, истурете ја смесата во плехот за печење и печете 20 – 25 минути. За да проверите дали е печено, забодете чепкалка за заби во тестото. Ако излезе сува, значи дека е печено. Оставете го целосно да се олади, а потоа сечете го на коцки. Коцките чувајте ги во фрижидер.

Забелешки:

Ако немате бадемово брашно, можете да користите и овесно. Како засладувач можете да користите било каков, не мора да е стевиа. Секое парче има околу 145 калории и 10 гр. протеини, вклучувајќи ги тука темната чоколада и оревите.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина