Ова се 10 – те најлуди кои имаат влезено во светската историја.

 

 

1.Диета на оцет и вода (1820)

Оваа диета ја популаризирал славниот британски поет Лорд Гордон Бајрон, кој преживувал со денови на оцет, компири и цигари – а потоа и на пијанките.

 

2.Грејам-Грекерс диета (1830)

Презвитеријанскиот министер Силвестер Грејам ја креирал оваа диета, која се базирала на леб кој, во поинаков облик, подоцна станал Греемов крекер.

3. Флечеризација (1903)

Хорацие Флечер препорачувал џвакање на секој залак храна 32 пати пред да се голтне. Тој тврдел дека тоа ќе ја зајакне хранливоста и ќе го отстрани вишокот на килограми. Некои од неговите следбеници биле Хенри Џејмс и индустријалецот Џон Д. Рокфелер.

4. Цигара – диета (1925)

Рекламите ги убедувале луѓето да земат по една цигара наместо слатки, тврдејќи дека пушењето е разумен начин за слабеење.

5. Грејпфрут диета (1950)

Со помош на дванаесетдневната програма на оваа диета, која била популарна во текот на 30-те и подоцна и во 70-те години од минатиот век, поентата е да се јаде грејпфрут пред секој оброк, и тоа врз основа на погрешното верување дека одделни овошни ензими ги согоруваат мастите.

6. Диета пијан човек (1964)

Ова е еден вид на пијана Аткинсонова диета – протеини ,,измиени,, со многу алкохолни пијалоци. Се викала нездрав изненадување, како што ја нарекло Харвардското училиште за јавно здравје.

7. Диета заспана убавица (1976)

Меѓу конзуматорите на оваа диета бил и славниот Елвис, кој не можел да јаде поради тоа што бил на седативи и по неколку дена. Но, затоа по будењето се прејадувал.

8. Беверли Хилс (1981)

Кај оваа диета луѓето јадат само овошје во првите 10 дена. Потоа, дури во втората недела, додаваат леб, путер и пченка, додека консумирањето протеини е забрането се до 19 -от ден.

9. Утринска банана диета (2008)

Оваа диета ја имала бананата како појадок. Исто така, пропагирала и пиење вода со оброците, која е на иста температура на собната. На спиење морало да се оди на полноќ (што и денес не е лоша идеја).

10. Беби храна диета (2010)

Оние кои биле на оваа диета ги контролирале оброците со тоа што јаделе по 2 теглички беби храна се, од живина со мешункаст зеленчук, до шунка во сос. Вечерата била регуларна секој ден.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина