Научниците истакнуваат дека секогаш има простор за воведување суплементи во исхраната, но дека дневната потреба за витамини прво мора да се задоволи со природни извори. Секогаш е подобро сите нутритивни соединенија да се внесуваат по пат на исхраната, бидејќи така на разновиден начин се внесуваат сите потребни хранливи материи, што е најдобро за човековото тело затоа што тоа му е најприродно.

Суплементите не смеат никогаш да бидат замена за здрава исхрана, бидејќи не можат да пружат низа останати нутритивни соединенија и предности кои ги има целовитата исхрана, како што се овошјето и зеленчукот. Затоа, зависно од вашата здравствена состојба и прехранбени навики, суплементите најчесто не се ни потребни.

 

Природните извори се подобри поради неколку причини:

 

Подобра нутритивна вредност

 

Природните извори содржат низа различни микронутритиенти кои му се потребни на телото, не само еден. Портокалот, на пример, му дава на телото витамин Ц, но и малку каротен и калциум. Овие соединенија потоа заедно работат за да ви го подобрат здравјето.

 

Есенцијални влакна

 

Природните извори, како што се житарките од цело зрно, овошјето, зеленчукот и мешунките, содржат во себе природни влакна. Повеќето од овие намирници содржат уште некои есенцијални нутритиенти. Влакната, како дел од избалансираната исхрана, се важни за превенција од дијабетес тип 2, срцеви болести и запек.

 

Заштитни соединенија

 

Природните извори содржат и други соединенија кои го штитта нашето здравје. Овошјето и зеленчукот содржат фитохемикалии кои можат да помогнат во заштитата од рак, сцеви болести, дијабетес и висок крвен притисок. Повеќето од нив се и одличен извор на антиоксиданси, соединенија кои ги штитат ткивата од оштетувања.

 

Кому му се потребни суплементи?

 

Ако сте здрави и имате разновидна исхрана, која се состои од овошје, зеленчук, житарки од цело зрно, мешунки и обезмастени млечни производи, риба и месо, најверојатно нема да има потреба да земате суплементи. Но, постојат групи на луѓе на кои им се препорачува да земаат одредени суплементи:

  • Трудниците треба секој ден да внесуваат по 400 микрограми фолна киселина од збогатени намирници или суплементи, со тоа што треба да јадат и храна која е богата со флна киселина.
  • Трудниците треба да земаат пренатални витамини, кои во својот состав имаат железо.
  • Оние кои се постари од 50 години треба да го зголемат вносот на храна збогатена со витаминот Б12 или да внесуваат суплементи.
  • Оние кои се постари од 65 години, днево треба да земаат по 800 интернационални единици (IJ) од витаминот Д за да го намалат ризикот од оштетување на коските.

Суплементи им се препорачуваат и на оние кои:

  • Немаат урамнотежена исхрана или кои внесуваат помалку од 1600 калории дневно.
  • Не јадат одреден вид намирници.
  • Не внесуваат 2-3 порции риба неделно.
  • Имаат проблеми со силни менструални крварења.
  • Патат од болести, како што се хроничен пролив, алергија на храна, интолеранција на храна, болести на црниот дроб, слепо црево.

 

 

Која е златната средина?

 

Стручњаците во повеќето случаи препорачуваат витамините да се земаат од природни извори. Кога зборуваме за витаминот Д, најдобар природен извор за него сончевата светлина. Неодамнешните истражувања покажале дека калциумот подобро се внесува преку намирници кои се богати со него отколку преку суплементи. Суплементите со калциум можат да го зголемат ризикот од настанок на бубрежни каменчиња. Се покажало и дека оние кои ги внесуваат витаминот А и бета-каротенот преку суплементи, имаат малку полоша здравствена состојба, во однос на оние кои ги внесуваат природно, преку намирниците.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина