Принцип на полнење со јаглехидрати – Што е ова и како функционира?
Ајде да признаеме, доколку сакате да изгубите масти и да изградите мускули, ќе мора да јадете помалку, да јадете поздрава храна, да пиете повеќе вода, и да правите повеќе кардиоваскуларни вежби и вежби со оптоварување, нели? Па, не сосема. Сигурно сега ќе си помислите “Одлично, уште еден комплицирана диета која веројатно дури и не функционира” и да бидеме искрени, со сите контрадикторни совети околу начинот на исхраната или вежбањето во последно време, не треба да ве обвиниме.
Се чини дека колку и да прашувате, кога станува збор за губењето на тежината, едно лице ќе ве советува да направите една работа, додека друг ќе ви каже да направите нешто целосно спротивно во однос на она што ви го кажал првиот. Некои луѓе ќе ви кажат воопшто да не консумирате масти, додека други ќе ви кажат да консумирате масти, но да го намалите внесувањето на јаглехидрати, а трети ќе ви кажат дека големтеи количини на протеини се вашиот најдобар пријател. Потоа и пред да бидете свесни за тоа, ќе се плашите да изедете и еден лист зелена салата за да не го уништите целата ваша напорна работа во теретаната.
Губењето на вишокот масти и добивањето на убаво оформено тело е комплицирано, но ако се разбере основната физиологија на човечкото тело и како тоа функционира, работите одеднаш стануваат многу полесни и појасни, а нешто што некогаш звучело апсолутно смешно кога станува збор за губењето на тежината, всушност, одеднаш добива совршена смисла. Одличен пример за ова е нутриционистичката идеа позната како полнење со јаглехидрати, која се покажа како исклучително контроверзна, но сепак истовремено исклучително ефективна.
Што е полнење со јаглехидрати?
Најпрво, доколку ве запрашаат да ја именувате храната која треба да ја јадете за да изгубите на тежина и да изградите мускули, што би рекле вие? Пилешко месо? Салата? Зеленчук? Кафеав ориз? Јајца? Во суштина, би набројале храна што конвенционално се смета за здрава и урамнотежена, нели? А што со пицата, сладоледот, колачите или чоколадото? Да, правилно прчитавте, а наскоро ќе ви откриеме за што станува збор.
Во суштина, полнењето со јаглехидрати е метод на исхрана, со кој ќе го пресметувате и ќе го внесувате секој еден јаглехидрат во точно одредено време, така што пред тренингот, воопшто нема да консумирате јаглехидрати. Прво, ова може да ви звучи глупаво на многу од вас, бидејќи јаглехидратите пред тренингот се она што ви дава енергија за да ја издржите секоја серија од вежбањето. Па така, пред тренингот, ќе консумирате здрави масти и протеини, а ќе го зачувувате внесувањето на сите јаглехидрати за веднаш по тренингот.
Значи, за да биде јасно, пред тренингот и дигањето на тежини, нема да јадете или пиете никакви јаглехидрати, а истите ќе ги консумирате веднаш по тренингот. Сега, доколку сеуште не сте сигурни, да се вратиме на пицата и сладоледот за кои понапред зборувавме. Кога зборуваме за внесување на јаглехидрати веднаш по тренингот, не мислиме за некои полесни варијанти како житни колачи, кафеав ориз, варени компири, или тестенини. Зборуваме за сладолед, пица, бонбони, чоколадо, торта, колачи, и многу повеќе.
Како овие видови на храна може да помогнат за изградба на мускули и согорување масти?
Но, пред да го запрете читањето и да помислите дека ова е некоја шега, продолжете да читате. Внесувањето јаглехидрати кои се состојат главно од едноставни шеќери, му овозможува на телото да ја искористи нивната предност многу побрзо отколку што тоа би го направило со сложени јаглехидрати. Значи, кога консумираме јаглехидрати, тие се разложуваат до глукоза, која телото ја користи како извор на енергија. Ова, за возврат предизвикува нивото на шеќерот во крвта да се зголеми, па тогаш панкреасот лачи инсулин, со цел да го контролира и намали ова ниво на шеќер. За да се ослободи од вишокоците, инсулинот потоа ќе го транспотира низ телото или до мускулите или до масните клетки.
Сега, ако цел ден седите на троседот и не правите ништо, односно немате никаква активност, телото ќе биде добро одморено и нема да има потреба од обновување или поправка на мускулите, па шеќерите ќе се транспортираат во масните клетки, што ќе резултира во производстви на повеќе телесни масти. Тука работите стануваат навистина важни. Ако до предмалку сте вежбале и сте кревале тежини во теретана, да речеме во последните 60 – 90 минути, тие веднаш ќе се транспортираат до мускулните клетки, со цел да му помогнат на телото во поправката и обновата на мускулните ткива и пополнување на изгубениот гликоген. Сега, бидејќи остатокот од времето ќе избегнувате јаглехидрати, нивото на шеќер во крвта ќе остане низок, па тоа значи дека еднаш штом хранливите материи од јаглехидратите се транспортирани до мускулите, тоа е тоа, нема да има други јаглехидрати, па телото не ќе може да складира дополнителни вишоци како телесни масти подоцна, што е вообичаено доколку ние би консумирале јаглехидрати во текот на целиот ден.
Па, кој е типичен пример за овој протокол?
Со цел да го подготвите вашето тело за јадење на овој начин, ќе биде потребно строго ограничување на внесот на јаглехидрати, што значи за 10 дена ќе консумирате максимум 30-50 грама јаглехидрати дневно. Потребните хранливи состојки ќе ги добиете од протеините и мастите, кои треба да бидат умерени и избалансирани, значи не премногу мрсни или пржени. Сеуште може да вежбате како и обично, но по истекот на периодот од 10 дена, работите навистина стануваат забавни. На 10-тиот ден, не повеќе од два часа по завршувањето на тренингот, треба да консумирате 1 грам јаглехидрати по половина килограм телесна тежина, па ако тежите да речеме 110 килограми, ќе да внесете 220 грама јаглехидрати од едноставни извори како што се пица, колачи, помфрит, сладолед, колачи, итн. Најверојатно ќе отидете во кревет малку подуени, но задоволни, а по будењето, чувството на подуеност ќе го снема, а вие ќе изгледате и ќе се чувствувате одлично.
Во деновите кога нема да вежбате, правете го она што го правевте првите 10 дена, а во деновите што кога ќе вежбате, полнете се со јаглехидрати како луди, при што не само што ќе изградите мускули, туку исто така, ќе го изгубите и вишокот масти.