6 најдобри апликации за вежбање дома
Не сакате групни тренинзи, ниту да одите во теретана, немате време за тоа, а проблемот и во тоа што не сте вежбале претходно, па се плашите дека сите ќе ги гледаат вашите неспретни потези или дамките од пот на топот за вежбање? Идеално решение за сите овие проблеми се апликациите на вашиот смарт телефон.
Тие овозможуваат вежбање дома, нудат разновидни тренинзи, мотивираат, а повеќето од нив овозможуваат и водство од виртуелен тренер – поради што ќе се чувствувате како ѕвезда. Ова се само неколку апликации кои можете да си ги носите со себе на одмор, а благодарение на кои ќе ја постигнете посакуваната форма – под лични услови.
Qinetic
Апликација за сите оние кои никако не можат да се натераат рано наутро да одат во теретана: можете да гледате тренинзи од различни стручњаци од фитнес индустријата – без разлика дали сте во потрага по зумба, јога или некои од ХИТ вежбите.
Freeletics Bodyweight
Ако сакате да ја користите сопствената тежина за да ги оформите мускулите, тогаш за вас идеална апликација е Freeletics Bodyweight, којашто доаѓа со една голема предност: мора да поминете фитнес тест пред да почнете, со цел да може да се составен план на вежби според вашите потреби.
Sworkit
Ова е апликација која дозволува да одберете дали сакате кардио, вежби за сила, истегнување или пак некоја мешавина од сите нив! Одлична е за почетници, бидејќи точно се наведени начините како правилно да се изведува секоја вежба. Освен тоа, ова е апликација која во 2015 година има добиено препораки од Американскиот колеџ за спортска медицина.
Keelo
За сите кои се во потрага по вежби со висок интензитет, тоа е апликацијата Keelo – таа ќе ви помогне да се доведете до форма вон теретана, а предноста и е во тоа што постои можност да се посоветувате со виртуелен тренер кој одговара на прашања, па имате чувство како да имате личен тренер, исто како некоја холивудска ѕвезда.
Workout Trainer
Илјадници бесплатни вежби со инструкции “чекор по чекор” ќе ги задоволи дури и најпребирливите. Без оглед на тоа дали барате вежби за да ги зацврстите стомачните мускули или само сакате да се вратите во кондиција, Workout Trainer има рутина која ќе биде идеална за вас.
Seven
Шест минути не се доволни, но седум се веќе нешто друго. Тоа е минималното време кое морате да го одвоите за да видите некакви резултати, а оваа апликација помага толку многу, што не морате ни тоа сами да го испланирате – таа се сама ќе направи за вас.