Познато ни е дека овошјето е добро за нас и за нашиот организам има ниско ниво на калории, полно е со есенцијални витамини и микроелементи и може да се вклучи во урамнотежената и здрава исхрана. Но, дали е навистина така?

Многу луѓе неправилно го јадат овошјето. Познавањето на механизмот на испрабвно консумирање на овошјето му овзоможува на организмот да ги искористи сите хранливи состојки кои се наоѓаат во него. Што е правилно, а што е погрешно кога се работи за неговото консумирање?

Како овошјето делува на организмот? Зошто истражувањата покажуваат дека тоа е едно од намирниците кои се најкорисни за нас? Пред се, овошјето врши извонредна детоксикација на организмот, бидејќи има поголема содржина на вода за разлика од другите намирници, дури 80 до 90%. Но, тоа не е обична вода. Водата од овошјето е дестилирана преку биолошкиот состав на растението кое го дава плодот. Таквата дестилирана вода служи како носител на сите хранливи состојки кое ги содржи овошјето: витамините, минералите, простите шеќери, аминокиселините, масните киселини и ензимите како катализатори на животот.
Овошјето делува поволно и при намалување на телесната тежина. А, исто така во себе содржи разни фитонутритиенти со различен спектар на делување, од јакнење на имунитетот, преку превенција од рак, па се до чистење на крвта и крвните садови.
Тоа не ја зема енергијата од нас, туку ни дава енергија за поактивен живот. Толку лесно се вари, што минува низ желудникот за половина час, а потоа се разлага на животни состојки неопходни за организмот. Единствено само малку повеќе време им е потребно на бананите и урмите.

Но, луѓето најчесто прават грешки при неговото консумирање. Внесувањето премногу овошје во погрешно време може да доведе до нагло создавање наслаги. Кога се работи за храната, тие воопшто забораваат дека овошјето како и секоја друга храна е гориво и дека треба да се внесува само тогаш кога е потребно за да ги поттикнеме дневните потреби за енергија, а посебно кога се работи за внесување јагленоходрати. Познато е дека јагленохидратите се важен извор на енергија, дека се важни за функционирање на мозокот и мускулите, па затоа треба да се внесуваат во точно одредено време, во зависност од потребите на организмот за енергија. Вообичаена заблуда е дека овошјето е најдобро да се консумира по физичка активност. Па, кога е најдобро да се јаде овошје и кога тоа има најдобар ефект врз нашиот организам? Според стручњаците, најдоброто време за овошје е наутро, 15 минути пред тренинг и, доколку не тренирате, овошје треба да се јаде три часа пред ручек, бидејќи телото е тогаш подготвено да ја искористи сета расположлива енергија.

Но, покрај водењето сметка за внесувањето на храна во организмот, многу важна улога има и физичката активност. Буквално, не постои ограничување за тоа колку калории телото може да складира, па поради тоа постои голема криза со дебелината во модерното општество. Најважно е да се запомни дека храната е гориво, поточно енергија и само треба да се внесува онолку колку што е потребно за да се ослободува таа енергија.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина