Диетата ,,Десет,, се смета за помалку строга диета во споредба со диетите кои ви озвозможуваат да загубите од вишокот килограми за 3, 5 или 7 дена. Диетата не е ригорозна, не го оптоварува организмот и е рамномерно распределена, така што не предизвикува никакви оштетувања во организмот. Истовремно е и продуктивна, па можете да загубите 3 до 7 килограми вишок килограми.

На што се темели диетата за 10 дена?

Хит во исхраната за десет дена е протеинската храна, која во суштина има облик на јагленохидрати. Иако формално оваа изјава не е во целост точна – сите производи кои содржат јаглениходрати се дозволени на менито, но во многу мали количини – не повеќе од 20 грама дневно.

Како функционира?

Во телото постои механизам кој се придвижува кај типична протеинска диета, кога поради недотиг на јагленохидрати телото почнува активно да го согорува масното ткиво со цел давање енергија. Нивото на гликоза во крвта е нормално, целокупното здравје е подобрено и истовремено не се чувствувате поспано и не чувствувате постојано глад. За корекција на исхраната за 10 дена потребно е секој ден на гладно да испиете чаша вода со малку сок од лимон. Одбегнувајте пржена храна и пекарски производи. Јадете храна подготвена во рерна, на скара или на пареа.

Ако некоја намирница бара пржење, пржете ја само на маслиново масло. Како прилог со месо, додајте зеленчук во однос 2: 1 и не заборавајте да пиете 2дл вода секој ден, но не и за време на оброците. Или половина час пред или по оброкот. Последниот оброк треба да биде најдоцна до 20.00 часот. Примерок на мени за исхрана според диетата десет изгледа вака:

ПРВ ПОЈАДОК

1,4,8 ден: 1-2 варени јајца, салата од краставици, домат, зелка, маслиново масло, кафе или зелен чај без шеќер и млеко

2,3,7,9 и 10 ден: 1-2 јајца, омлет со зачински билки и домат, 50 гр. Немасно сирење со 2 кришки целер или природен јогурт со боровинки или зелен чај без шеќер и млеко

5, 6 ден: обезмастено сирење или овошно фрапе, каде или зелен чај без шеќер и млеко

ВТОР ПОЈАДОК

1,4,8 ден: 50р. немасно сирење и зелена салата

2,3,9,10 ден: јогурт со свежи боровинки

5,6,7 ден: Цезар салата (1-2 пилешки гради) или пилешко месо и салата

РУЧЕК

1,8 ден: пилешки гради на жар, салата од краставица, домат, ротквици, зелена салата, маслиново масло, кафе, зелен чај без шеќер и млеко

2,3,4,5,6,9 и 10 ден: рибји филети (скуша, лосос, туна) и зеленчук – паприкаш со брокула, домат, тиквички и праз, супа или доматна чорба, праз, брокула и зачински билки

7 ден: рибји филети и пржен зеленчук

УЖИНА

1,3,4,8 и 10 ден: шолја јогурт и грст било какво шумско овошје

2,9 ден: краставица или домат полн со рендано сирење и зачини

5 ден: 3-4 кругови краставица или риба

6,7 ден: 50 гр. немасно сирење со 2 кришки целер.

ВЕЧЕРА

1,5,8 ден: рибји филети (скуша, лосос, туна), печен зеленчук (тиквички, домати, карфиол, модри домати)

2,9 ден: 2 бифтека на жар со салата од домати, краставица, рукола, спанаќ и авокадо, маслиново масло, кафе или зелен чај без шеќер и млеко
3,10 ден: свинска печенка на скара, зелка на пареа (брокула, карфиол) кафе или зелен чај без шеќер и млеко
4,6,7 ден: 2 пилешки гради, прженки од тиквички и шпаргли со рендано сирење, кафе или зелен чај без шеќер и млеко

Овој режим на исхрана можете да го практикувате точно 10 дена. Потоа треба да направите пауза од 2-3 недели. Со ваквиот режим на исхрна можат да се загубат од 5 до 10 килограми во зависност од почетната тежина.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина