Дали сте знаеле дека начинот на кој спиете најмногу зависи од вашиот карактер? До ова тврдење дошол англискиот невропсихијатар Крис Изиковски, откако го проучувал однесувањето на илјадници доброволци за време на спиењето. Одредени положби во спиењето, како и некои навики кои ни помагаат да заспиеме, можат да се доведат во врска со нашите особини. Што кажува за нас позата во која спиеме?

 

На грб: Отворени сте

 

Лежите на грб, главата ви е зафрлена на страна, рацете испружени покрај телото. Војничката поза е слична на онаа во јогата, кога се прави длабока медитација. Оваа поза природно ја заземаат оние кои патат од силни главоболки, бидејќи таа им ја смалува болката.

 

Значење: Отворени сте, но имате прецизна визија за светот од која не се откажувате. Одговорни сте, одите кон целта, но понекогаш многу барате од себе. Понекогаш простете си по некоја грешка и посветете си повеќе време на себе.

 

Здравје: Оваа положба е совршена за грбот, бидејќи го држи рбетот прав. Би било добро да наместите перница под колената, затоа што така целосно ќе се опуштите.

 

 

Положба на фетус: Не сте доволно сигурни во себе

 

Лежите на една страна, колената ви се собрани и повлечени кон градите, рацете свиткани пред лицето. Оваа положба е наречена по тоа што спијачот ја имитира положбата на бебето во мајчината утроба. Професор Изиковски смета дека жените најчесто спијат во оваа поза, и тоа првенствено во текот на месечниот циклус, кога  чувствуваат послаби или посилни болки во стомакот.

 

Значење: Оваа поза воглавно ја заземаат несигурните луѓе, кои тежнеат да се здобијат со сигурноста која фетусот ја има во матката.

 

Здравје: За целосен одмор во оваа поза, стручњаците препорачуваат да се користи подебела перница, за главата и рбетот да бидат во една рамнина, бидејќи во спротивно ќе се потпирате само на рамењата.

 

 

На стомак: Бегате од реалноста

 

Успевате да заспиете само ако легнете на стомак. Положбата на лет или слободен пад најчесто ја заземаат оние кои патат од болки во долниот дел од грбот.

 

Значење: Ако спиете во оваа поза, одбивате да се соочите со стварноста и несигурни сте.

 

Здравје: Оваа положба е штетна за вратот и вилицата. Стручњаците предупредуваат да ја прегрнете перницата и да се свртите на страна.

 

Свиткани во лак: срамежливи сте

 

Лежите на страна, нозете ви се испружени, а грбот е свиткан кон напред. Кон оваа положба најмногу прибегнуваат оние кои рчат, бидејќи им го олеснува дишењето.

 

Значење: Оваа положа укажува на тоа дека честопати сте во судир со себе. Сакате да покажете повеќе иницијатива во животот, но ве спречува вродената срамежливост. Често се плашите да ги изразите своите желби до крај.

 

Здравје: Оваа поза може да биде штетна за здравјето, бидејќи грбот ви е постојано под тензија. Најдобро би било да ставите перница помеѓу нозете, бидејќи тоа ќе го ослободи грбот од притисокот.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина