Состојки:

1 пакување готови кори за пита

Фил 1:

  • 5 јаболки
  • 1 лимон
  • 200 гр. шеќер
  • 2 ванилин шеќери

Фил 2:

  • 200 гр. мелени ореви
  • сафт од првиот фил

За прелив:

  • една чаша вода

  • 3 лажици шеќер
  • прстофат цимет

  • 150 гр. растопен маргарин

 

Подготовка:

Јаболките се лупат и се рендаат. Лимонот се цеди и со сокот се прелеваат јаболките. Им се додава шеќерот и ванилинот. Се се меша и се остава пет минути за да пушти сок.

Потоа се зема една кора и се ставаат по три лажици од смесата со јаболките, со што помалку сафт. Се виткаат во ролат прво, а потоа во облик на полжавче. На истиот начин се трошат сите кори, а во останатиот сафт се ставаат мелени ореви. Останатите кори се виткат во ролат со овој фил. Се убаво се реди во плех и се прелева одозгора со стопен маргарин.

Се пече во рерна на 200 степени целзиусови, а кога ќе се олади се прелева со студен, претходно сварен, поредок сируп. Се остава да се олади и да се впие сирупот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина