Со децении ни кажуваат дека незаситените масти се најлошите непријатели на нашата линија и нашето здравје, па на многумина им е тешко да поверуваа во она што докторите одамна го знааат – шеќерот е всушност многу полош.

Многу светски експерти тврдат дека токму шеќерот е главниот виновник за многу болести, од срцеви заболувања до дијабетис, па се до Алцхајмерова болест, а добро е познато дека предизвикува и зависност.

Сепак , најголемиот проблем е тоа што шеќерите се многу добро скриени во многу намирници. Имено иако шеќерот е сладок, речиси и да нема солена храна која може да се купи во продавница, а да не го содржи овој “отров” . Лебот, слатките и солени печива , супите, сосовите и тестенините се полни со шеќери, но луѓето често забораваат на тоа.

 Добрата вест е тоа дека можете да го победите шеќерот и со тоа да ги спречите долгорочните последици. Лошата вест е дека едноставното прескокнување на десертот нема да биде доволно . Ако сакате да го исчистите телото од “белата смрт”, овие се намирниците кои треба да ги избегнувате .

1 ) Бело брашно

Рафинираното бело брашно одамна е прогласено за еден од најголемите непријатели на витката фигура. Белото брашно е прост јагленохидрат, кој вашиот организам го апсорбира подеднакво брзо како шеќерот. А со брзата апсорпција доаѓа и желбата да се изеде повеќе , бидејќи шеќерот веднаш оди во крвта, па ние не чувствуваме ситост како што би чувствувале доколку конзумираме храна богата со растителни влакна и протеини. Затоа, се препорачува колку што е можно да се избегнуваат сите видови на теста од бело брашно – леб, кифли , макароони , крекери … Модерното бело брашно содржи протеин глијадин , кој го поттикнува доброто чувство (слично на среќа) и го поттикнува апетитот.

2) Бел ориз

Процесот на рафинирање од обичниот ориз прави обичен јагленохидрат, кој се однесува исто како и брашното. Истражувањата покажале дека секојдневното консумирање на оваа намирница, која инаку се смета за здрава, го зголемува ризикот за појава на дијабетес за 11 проценти.

Затоа, обидете се секогаш да јадете кафеав ориз, кој е богата со растителни влакна, бавно се вари и дава чувство на ситост.

3) Зеленчук богат со скроб

Пченката, компирот, слаткиот компир и тиквата се богати со јаглехидрати. Иако тие имаат многу витамини и минерали, овие намирници во нашите тела се претвараат во обични шеќери. Се разбира, тие и понатаму се поздрави од тортите и колачите, а вие не треба да ги исфрлите целосно, бидејќи тие имаат добри својства. Само потрудете се да ги јадете во умерени количини.

4) Одредени видови на овошје

Иако овошјето е секогаш добар избор, и со него треба да имате мерка. Постојат одредени овошја кои се полни со природни шеќери, и на тој начин ја стимулираат нашата желба за таа намирница. Бананата, лубеницата и ананасот се најдобри примери за тоа. Затоа, секогаш е подобро да се одлучите за некое овошје со помалку шеќер, како што се јаболката или малините, кои се и вкусни и многу здрави. Исто така, бидете внимателни со сувото овошје, бидејќи тие често имаат додадени шеќери во својот состав.

5)Овошен сок

Бидејќи не содржат ниту влакна ниту протеини, овошните сокови многу брзо се апсорбираат и го подигнуваат нивото на шеќер во крвта. Освен тоа, често имаат и додадени шеќери, па треба да се биде многу внимателен со овие „здрави“ сокови.

6)Газирани пијалоци

Без оглед на тоа дали содржат шеќери или вештачки засладувачи, газираните пијалаци немаат никаква хранлива вредност. Тие се воглавно само хемиски коктели збогатени со бои и вештачки ароми.

Иако можеби мислите дека желбата за слатко може да ја задоволите со “лајт” верзијата на соковите, вистината е спротивна. Овие пијалаци се многу послатки отколку оригиналната верзија со шеќер, и само може да ја зголемат вашата желба за слатки.

Едно истражување кое траело 10 години покажало дека половината се зголемила за 70 проценти повеќе кај луѓето кои пиеле газирани пијалаци, отколку оние кои не ги консумирале.

7) Вештачки засладувачи

Иако вештачките засладувачи со години се рекламираат како спас за луѓето со дијабетес, новите истражувања покажуваат дека тие подеднакво лошо влиијаат врз нивоата на инсулин и шеќер во крвта. Кога рецепторите во устата ќе почувствуваат сладок вкус, тие испраќаат сигнал до мозокот за да се подготви за доаѓањето на шеќер. Телото реагира така што излачува инсулин и ги претвара шеќерите во масти. Без оглед на фактот што вештачкиот засладувач не е шеќер, вашето тело реагира на ист начин, и со редовна употреба може да доведе до тоа вашето тело да почне да апсорбира повеќе шеќер.