Во желбата за витка линија, многу посегнуваат кон драстични и нездрави диети, кои гарантираат брзо губење на вишокот килограми. Меѓутоа, загубените килограми најчесто многу брзо се враќаат по овие диети, а некои од нив се толку многу нездрави врз човековиот организам, што можат да имаат и смртен исход. Некои од овие смртоносно опасни диети се следниве.

Флечеризам МетодИзџвакај и плукни

Творецот на овој начин на слабеење, по кое и го добило името, е Хорац Флечер, кој живеел кон крајот на 19 век. Тој го смислил ,,долгото џвакање,,, благодарение на кое можете да јадете се што ќе посакате, но важно е секој залак да го џвакате минимум 32 пати, а најдобро дури и 100 пати, додека не се претвори во течна состојба. Остатокот од храната кој не се растопил треба да се плукне.

Основната смисла на оваа диета е во телото да се внесуваат помалку калории, а притоа да не мора да се откажувате од ниту една намирница. Флечер тврдел дека луѓето можат да ослабнат со овој начин, но и да го намалат ризикот од заболување од многу болести. Сепак, не постои доказ дека оваа теорија е точна. Бројни научници се согласуваат дека на дигестивниот тракт му одговара подобро изџвакана храна, но не баш до толку пати. Исто така, докажано е дека луѓето кои јадат полека, полесно ја контролираат својата телесна тежина.

Оцет и вода

Познатиот писател Лорд Бајрон наводно бил многу склон кон дебелеење, па во намерата да ја зачува својата фигура практикувал многу опасна диета. Имено, неговото дневно мени вклучувало само вода, оцет, варени јајца и суви бисквити. Кажано поинаку, меѓу оброците тој пиел мешавина од овие две течности. Неговата слава и моќ влијаеле на тоа целото општество да стане опседнато со својата тежина и да го прифати овој начин на исхрана во 19 век. Покрај тоа, некои историски извори тврдат дека Бајрон се замотувал во разни ткаенини за полесно да може да ги ,,стопи,, масните наслаги.

Диета со цигари

Пред да биде откриено опасното влијание на цигарите врз здравјето на луѓето, многумина верувале дека не можат да решат разни свои физички проблеми, вклучувајќи го и вишокот килограми. Ова уберување било толку многу распространето, што поединци почнувале да пушат со цел да ослабнат, да ги заменат оброците со по една испушена цигара и на тој начин да ја дотераат линијата.

Консумирање храна со одредена боја

Некои научници тврделе во минатото дека бојата на намирниците кои ги консумираме влијаат на нашиот апетит. Според оваа теорија, наводно, намирниците со жолта и црвена боја го зголемуваат апетитот, додека другите го намалуваат. Поттикнати од ова уверување, едно јапонско претпријатие почнало да произведува ,,диетални очила,, со сини стакла. Имено, сината боја го поттикнува производството на сератонин во мозокот, па на тој начин го ,,кочи,, апетитот, бидејќи ,,синиот поглед,, на храната ја прави таа да бие помалку посакувана.

Диета врз база на памук

Верувале или не, но на почетокот на 21 век постоеше и ваква диета. Топченца памук се консумираа со сок или кафе, со цел да се добие чувство на ситост без да консумираат калории. Според извештаите во медиумите, оваа диета била најпопуларна кај моделите. Стручњаците предупредуваат дека ваквиот метод на слабеење никако не е здрав, бидејќи човековото тело не може да свари храна од полиестер и разни хемикалии од кои се произведува памукот, па тоа може да има негативни последици врз здравјето.

ХЦГ диета

Оваа контроверзна диета се базира на комбинација на лекови за плодност и внесување од 500 до 800 калории дневно. Иако постојат многу варијации на оваа диета, поголем дел од нив подразбираат рестрикција на оброците на едно овошје, еден зеленчук или едно парче леб, и тоа само двапати дневно. За жал, многумина ваквиот вид на исхрана го комбинираат со инјекција којашто се користи како тумор маркер кај некои облици на рак и за поттикнување на овулацијата при лекување од стерилитет.

Диета базирана на детски кашички

Овој метод на исхрана го има осмислено тренерот Трејси Андерсон, а подразбира да се јаде само кашеста храна во текот на денот, а дозволува само еден ,,нормален,, оброк во текот на денот – вечерата.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина