Опасни по живот, поскапоцени од благородни метали, плодови од најубавите растенија во светотСекојдневно ги збогатуваме јадењата со различни ароми и зачини, кои се далеку поинтересни отколку што можеме да замислиме.

Ванила кралица на зачините

Богата арома, неодолив мирис и интересен изглед се само некои од карактеристиките на зачинот кој се користи за најпопуларните слатки специјалитети во светот. Мешунките од ванила од кои се издвојува карактеристичната ароматична маса се плодови на орхидејата Vanilla planifolia и на сродните нејзини видови. Звучи чудно, но едно од најделикатните и најубави ратсенија во светот ги дава овие широко распространети мешунки и е единствена од семејството Orchideaceae кое има плод кој се јаде.

Убавиот цвет трае само еден ден, а на негово место се развиваат мепунки кои се берат рачно и се сушат четири до шест месеци. После шафранот, ванилата е најскапиот зачин во светот, што довело до голема застапеност на синтетичките ароми кои се користта во 98% од производите на пазарот.

Цимет – лек од природата

Циметот е еден од најзатсапените зачини во подготовката на разни слатки, но повеќето од оние кои го користат не знаат дека овој мирислив зачин се добива од внатрешноста на кората на дрвото Cinnamomum verum и на неговите сродни видови. Поради тоа стапчињата цимет имаат карактеристичен облик, бидејќи тоа се всушност свиткани стапчиња од тврда кора. Еден е од најстарите познати зачини, кој дури се спомнува и во Библијата, а во стар Египет бил повреден и од злато. Покрај богатиот вкус, циметот се одликува и со бројни здравствени бенефити, поради што порано обилно се користел во народната медицина.

Шафран – зачин повреден и од злато

Шафранот се добива од цвет од видот Crocus sativus, растение кое многу често може да се види во градините на почеток на пролетта. Претставува најскап зачин во светот. Еден килограм од него чини повеќе од иста количина злато. Меѓутоа, овој зачин со интересен изглед и силна боја може да биде и смртоносен. Доза од само 10 грама (3/4 лажици) може да убие возрасен човек.

Високата цена на шафранот е диктирана од трошоците за негово производство. За да се добијат 450 грама од овој зачин, треба да се соберат 75.000 цветови од ова растение, за што се потребни 20 часа работа.

 

Морско оревче егзотичен зачин, лек и афродизијак

Овој зачин со карактеристичен мирис и вкус претставува семе од плодот на дрвото Myristica fragrans. Многу е ценет од дамнина и во мали дози се користи во солени и слатки специјалитети. Во големи количини може да доведе до халуцинации и параноја. Некогаш овој зачин бил толку многу егзотичен, што Холанѓаните им го дале целиот остров Менхетен на Британците за оние острови на кои растело морското оревче. Додавањето на овој зачин во утринското кафе помага за будење, а притоа се добива прекрасна арома.

Пипер – шарени зрна здравје

Пиперот се користи за додавање вкус на храната повеќе од 4.000 години. Иако кај нас најчесто се користи црниот пипер, постојат и други негови видови кои се исто така застапени – бел, црвен и зелен. Зрната пипер се добиваат од плодовите на дрвенестите зимзелени лијани од семејството Piperaceae.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина