Прехранбената индустрија е сепак само ,,индустрија,, и затоа треба двапати да се рамисли пред да паднеме во стапицата на семоќните реклами, кои секогаш велат дека срцето и здравјето можат да се поправат штом ќе намачкаме маргарин на парче леб. Тоа, едноставно, не е вистина, бидејќи маргаринот содржи хидрогенизирана растителна маст и трансмасти, кои се штетни. Токму благодарение на нив во организмот се создаваат воспалителни процеси кои потоа доведуваат до гастритис, невродермитис, артритис и други ,,итиси,,.

Во организмот доаѓа до слични појави и кога при готвење користиме индустриски рафинирани масла, при чиешто производство се користат многу шттени соединенија – хексани. Хексаните ја уништуваат големата жлезда со надворешно и внатрешно лачење – панкреасот. Ако го оштетиме панкреасот, страда и тироидната жлезда, а големи се шансите и за добивање дијабетес.

Гореспоменатите трансмасти ќе се создадат и при презагревање на маслиновото масло. Штом температурата на ова совршено масло, на чии темели се базира медитеранската диета, ќе премине повеќе од 80 степени целзиусови, тоа повеќе не е здраво и станува штетно. ,,Лекот,, или противотровот за трансмастите се омега-3 масните повеќратни незаситени киселини и гама линоленската повеќекратна незаситена масна киселина, кои треба да се внесуваат од ладно цедените масла.

Прехранбената индустрија во нејзините ,,здрави,, маргарини и рафинирани масла додава малку омега-3 масни киселини, но тоа тогаш наликува на гаснење на пожарот кој самите сме го предизвикале преку внесување нездрави трансмасти. Затоа, за здраво готвење преостанува само скапото кокосово масло, кое содржи само мононезаситени масни киселини, и маслото од репка. И, се разбира, само она ладно цедено, кое во себе има богатство од незаситени масни киселини омега 3 – 6 – 9.

Важно е и да се напомене дека омега-3 делува противоспалително, додека омега-6 и омега – 9 провоспалително. Со оглед на тоа што овие шестки и деветки и онака ги имаме премногу, важни ни се оние ладно цедени масла кои имаат повеќе ,,тројки,,. Од стабилните ладно цедени масла тоа се маслото од црн ким, камелина сатива и ореовото.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина