Состојки:

 

  • маслиново масло
  • 4 тиквички
  • 1 чешне лук
  • 1 компир
  • 1 моцарела
  • 4 лажици пекорино сирење
  • малку свеж босилок
  • сол
  • црн пипер

 

 

Подготовка:

 

Компирот излупете ги и сварете го. Додека е се уште топол, згмечете го со направа за пире компир. Тиквичките измијте ги, исечете им го горниот дел и издлабете ги со лажица. Така издлабени ставете ги да се варат во солена вода прво две минути, а потоа уште пет минути. По ова време извадете ги од водата и поставете ги свртени надолу да се исцедат добро од водата. За тоа време на малку масло пропржете го чешнето лук, тргнете го на страна и во маслото додадете го изведеното месо од тиквичките. Пржете го додека не омекне. Во поголем сад ставете го пирето од компирот, прженото месо од тиквичките, моцарелата исечена на парченца,  и босилекот исецкан на ситно. Посолете и додадете црн пипер. Се добро измешајте. Издлабените тиквички наредте ги во плех намачкан со масло и филувајте ги со оваа смеса. Врз секоја тиквичка ставете по една лажица пекорино сирење. На дното налејте половина чаша вода и ставете ги тиквичките да се печат на 220°, околу половина час.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина