9 видови масна храна која помага за слабеење
Спротивно на воопштеното мислење, маснотиите не се лоши за телото. Консумацијата на добри маснотии ги чува органите, ја поттикнува апсорпцијата на хранливи материи од намирниците и помага во процесот на согорување на калориите. Еве кои видови масна храна може да се јаде дури и кога се држи диета.
1. Маслиново масло
Маслиновото масло е богато со незаситени масни киселини, кои се таканаречени добри маснотии кои го спречуваат и забавуваат развојот на разни болести – од добивање на дијабетес тип 2 до остеопороза, депресија и срцев удар.
2. Немасно јунешко
Студиите покажале дека јунешкото месо од животни хранети со трева содржат здрави омега – 3 масни киселини, кои го чуваат здравјето на срцето и кардиоваскуларниот систем. Покрај тоа, се работи за помалку масно месо, па во него може почесто да се ужива.
3. Кокосово масло
Не само што кокосовото масло го јакне организмот и имунитетот, туку некои студии покажале и дека придонесува за топење на масните перничиња на пределот на стомакот.
4. Темна чоколада
Темната чоколада може да ги намали нападите на глад. Едно истражување покажало дека консумирањето неколку коцки темна чоколада два часа пред оброкот доведува да се внесат 20 % помалку калории во подоцнежниот оброк.
5. Бадеми
Грст бадеми е совршен избор за меѓуоброк. Овие јаткасти плодови се преполни со хранливи материи кои спречуваат таложење на маснотиите во телото. Исто така, се работи за одличен извор на протеини, кој ја дава и тоа како потребната енергија.
6. Авокадо
Оваа супер храна ја оддржува половината тенка и здрава. Авокадото содржи многу прехранбени влакна и протеини, поради што се наметнува како одличен избор кога сакате да го ‘залажете‘ гладот.
7. Лосос
Оваа риба е преполна со омега – 3 масни киселини, кои го урамнотежуваат нивото на добар холестерол и го чуваат здравјето на срцето.
8. Путер од кикиритки
Консумирањето на една лажица путер од кикиритки дневно го зголемува нивото на енергија и помага да се задоволи гладот. Испробајте го овој вкусен путер во комбинација со јаболко.
9. Семки од сончоглед
Ова се солени залчиња поради кои ќе се чувствувате сити и концентрирани во текот на целиот ден. Семките од сончоглед содржат мноштво прехранбени влакна, кои ја поттикнуваат работата на варењето и го забрзуваат метаболизмот.