Пита со јапонски јаболки
Состојки за основата:
400 гр. урми (измерени без семки)
200 гр. рогач
Состојки за фил:
2 јапонски јаболки
1 лажица рогач
Подготовка:
Исечете парче фолија или хартија за печење и ставете го на дното од калап за пита, со цел да спречите питата да ви се залепи. Извадете ги семките од урмите и отстранете им ги дршките и листовите на јапонските јаболки. Ставете ги во блендер урмите и рогачот миксирајте ги додека не добиете смеса налик на тесто. Префрлете ја смесата во калапот за пита и развлечете го преку целата површина и покрај внатрешните рабови на калапот.
Потоа ставете ги во блендер јапонските јаболки и измиксирајте ги додека не добиете фил. Со еден дел од филот наполнете го шприцот за декорирање, а другиот дел оставете го во блендерот и додадете му го рогачот и миксајте ги. Филот од јапонски јаболки и рогач додајте го врз основата која претходно ја ставивте во калапот и со шпатула за торти израмнете ја површината. Питата украсете ја одозгора со филот кој го ставивте во шприцот за декорирање. Оставете ја питата во фрижидер да се стегне. Извадете ја и исечете парчиња.


