Бананата е единственото овошје кое можете да го користите за неколку различни цели. Било да ја консумирате во облик на сок, како засладувач за торти и колачи или како сладок оброк, нејзините хранливи материи ќе влијаат на животните сегменти кои полека стануваат секојдневица на сите.

1. Помага при астма

Висок е процентот на луѓето кои патат од астма, па воедно тоа е и причината зошто таа полека станува хронична болест кај децата. Меѓутоа, една научна студија изведена во Лондон докажала дека само една банана на ден може да ги намали респираторните проблеми за 34%.

2. Го регулира крвниот притисок

Бананите содржат високо ниво на калиум, кој е задолжен за постигање на оптимален крвен притисок. Така што, кога во одредени мигови се двоумите што да грицнете, одлучете се да изедете една банана.

3. Го потиснуваат гладот

Ова жолто овошје е исклучително богато со влакна, па поради тоа е идеално за потиснување на гладот. Една банана содржи дури 12% од препорачаната дневна доза. Меѓутоа, мирисот на бананата исто така влијае на потиснување на гладот. Па, така ова овошје може да ви послужи за да го залажете.

4. Здравјето на прво место

Бананите се богати со витаминот Б6 и содржат дури 20% од препорачаната дневна доза од овој витамин, го поттикнува производството на инсулин, хемоглобин и аминокиселини, кои се неопходни за клетките да останат здрави.

5. Спорт и банани

Веќе имате забележано дека сите спортисти во паузите најчесто посегнуваат по банана. Мислите дека тоа е затоа што го обожаваат ова овошје? Можеби, но далеку поголема причина е тоа што ова овошје ги јакне мускулите и е природен антиоксиданс.

6. За јакнење на коските

Покрај тоа што ги јакне мускулите, бананата ги јакне и коските. Високото ниво на калиум е исто така одговорно за ова откритие, а истражувањата покажале дека бананите влијаат на намувањето на процентот на заболени од остеопороза. Бананата содржи и 16% од препорачаната дневна доза на внесен магнезиум. Изедете две банани пред напорното вежбање за да имате енергија и за да го одржите нивото на шеќер во крвта.

7.Против грчеви

Ги спречуваат грчевите на мускулите во текот на вежбањето и грчевите во нозете.

8.За подобро расположение

Го подобруваат расположението и ги ублажуваат симптомите на ПМС.

9.Надоместок на калциумот

Го надополнуваат калциумот загубен за време на мокрењето.

10.Заштита од болести

Бананите ги намалуваат отоците, штитат од дијабетес тио 2, помагаат во губењето на килограмите, го јакнат нервниот систем и го поттикнуваат создавањето на белите крвни зрнца

11.Помагач во варењето

Помагаат во варењето. Поради тоа што се богати со пектин, го ослободуваат телото од отрови и тешки метали. Покрај тоа, го поттикнуваат развојот на добри бактерии во цревата и лекуваат од запек и пролив.

12. За подобра концентрација и помнење

Бананата ве прави попаметни и помага во учењето, правејќи ве поконцентрирани. Изедете една банана пред испит или пред нешто за кое ви е потребна концентрација.

13. Прва помош при каснувања на инсекти

За да го спречите чешањето и иритацијата од каснувањето од инсекти, истријте го делот со кората од бананта.

14. За намалување на температура

Бананата ја намалува телесната температура, а ве лади во жешките денови.

15. За отстранување на брадавици

Отстранете ги брадавиците, така што парче од кората ќе ставите директно на неа.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина