Никој не сака да си ги покаже притоа стапалата несредени, со сува и задебелена кожа на нив. Затоа бидете свој мајстор и средете си ги стапалата со состојки од домашната кујна. Овој рецепт е многу поволен и едноставен, а се што е потребно за негова подготовка се:

 

  • половина позрела банана
  •  1 лажица мед

 

Згмечете ја бананата со вилушка додека не добиете каша, а потоа во неа додадете го медот. Добиената смеса нанесете ја на стапалата, фокусирајќи се на оние места каде кожата е најтврда. Замотајте ги со проѕирна фолија и оставате маската да делува 15 минути. По ова време отстранете ја фолијата и измијте ги стапалата со топла вода. Потоа направете пилинг со турпија за стапала. Откако ќе ги избришете со крпа, нанесете крема за тело, за да ги хидрирате. Овој третман е идеален кога ќе се направи пред легнување.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина