Печена тиква со мед и фета сирење
Состојки:
- 600 гр. тиква
- 3 супени лажици маслиново масло
- 2 супени лажици сусам
- 3 супени лажици мед
- 1 супена лажица балзамико оцет
- 100 гр. истрошено фета сирење
- 1/2 лажичка лута буковка
- сол и црн пипер
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 210 степени . Тавата за печење обложете ја со хартија за печење. На тиквата излупете и ја кората, исечете ја на коцки со големина на залак и остранете и ги семките. Потоа секоја коцка валкајте ја во маслиново масло и печете ги во рерна 20 минути. Испечената тиква извадете ја од рерната и посипете ја со сусамот. Вратете ја да се пече уште 10 минути. По ова време извадете ја од рерната и прелијте ја одозгора со медот, балсамико оцетот, лутата буковка и истрошеното фета сирење. На крај, завршете со сол и црн пипер.