Пченката – чувар на мозокот и срцето
Пченката потекнува од Средна Америка, а на нашите простори стигнала на почетокот на 17 век. Денес од неа се произведуваат повеќе од 500 различни преработки, а поради своите нутритивни вредности таа е чест додаток во разни јадења. Оваа намирница со слаткаст вкус и прекрасна жолта боја изобилува со влакна, кои го намалуваат зголеменото ниво на холестерол и се грижат за добрата линија, фолна киселина, која го штити крвотокот, витамин Б1, кој е важен за добро работење на мозокот и јагленохидрати, кои ни ја даваат потребната енергија. Научниците откриле дека при термичка обработка на пченката, варење или печење, доаѓа до ослободување на молекули со антиоксидативна активност, што ги зголемува неговите заштитнички моќи. Еве кои се здравствени благодети ги има пченката.
Ја подобрува меморијата. Благодарение на изобилството од витаминот Б1 (една пченка задоволува 24% од вкупните дневни потреби од овој витамин), кој е составен дел од ензимските реакции поврзани со создавањето енергија, исто така игра улога во когнитивните функции на мозокот, бидејќи е потребен во синтезата на ацетилхолинот. Недостигот на ацетохолин се поврзува со болестите кои се јавуваат со стареењето, како што се сенилноста и Алцхајмеровата болест.
Пријател на органите за варење. Поради големата содржина на растителни влакна, одличен диуретик е и помага во регулирањето на запекот. Добар е и при заболувања на желудникотм бидејќи ги ублажува смптомите на гастритис и чир на желудникот, а значително ја намалува и желудочната киселина.
Срцето сака пченка. Пченката го намалува нивото на холестеролот во крвта поради содржината на раститени вакна во себе, а неговото ефикасно дејство врз дравјето на кардиоваскуларниот систем чежи во значајната содржина на витамините од Б-групата, кои го намалуваат нивото на хомоцистин во крвта. Хомоцистинот директно ги оштетува крвните садови, па со намалувањето на концентрацијата на овие опасни молекули ce намалува ризикот од срцев или мозочен удар, или заболување на периферните крвни садови.
Го намалува ризикот од рак на белите дробови. Со консумирање храна која е богата со бетакриптоксантин, црвено-портокалов каротеноид кој го има во големи количини во пченката, значително се намалува ризикот од заболување од рак на белите дробови. Една студија покажала дека консумирањето пченка кај непушачите го намалува ризикот за 27%, а кај пушачите за 37% во однос на пушачите, кои ретко внесуваат храна која е богата со оваа состојка.
Зошто пуканките се здрави. Тим од научници од Универзитетот Скентон од Пенсилванија, САД, тврди дека пуканките содржат повеќе антиоксиданси од овошјето и зеленчукот. Тие истакнуваат дека една порција пуканки има околу 300 милиграми антиоксиданси, што е речиси двојно повеќе од 160 милиграми, колку што содржи една порција од кое било овошје. Пуканките имаат во себе антиоксиданси затоа што содржат во себе само 4% вода, додека во одделни видови овошје и зеленчук тој процент достигнува 90%. Притоа токму во крцкавата лушпа на пуканките има најголема доза на антиоксиданси и влакна. Ако ги подготвуваме со масло, зеаксантинот илутеинот кои се наоѓаат во пченката, а кои претставуваат пигменти од групата на каротеноиди, опаѓаат од 1.087 мцгна на 829 мцгна во 100 гр. пченка, што значи и дека опаѓаат хранливите вредности.


