Одамна се познати благодетите на вкусното јаболко. Лекува се – од проблеми со забите до дијабетес. Последното истражување направено за јаболките покажува дека две порции неделно од ова овошје го намалува ризикот од дијабетес тип 2 за 23% во споредба со оние кои јадат помалу порции месечно. Истражувањето опфатило 7.382 испитаници, а било објавено во Британски медицински журнал.

Некои други истражувања покажале импресивни полезности врз човековиот организам од нивното консумирање. Еве некои од нив.

Јаболките го продолжуват животот

По анализата направена врз 25.000 луѓе, на возраст од 49 до 79 години, истражувачите од Универзитетот во Кембриџ заклучиле дека познатата изрека Едно јабоилко на ден ве чува подалеку од докторот,, е сосема вистинита.

Научниците пресметале дека секојдневното консумирање јаболки навистина може да помогне за продолжување на животот. За овој волшебен ефект е задолжен пектинот – природен полимер кој ги апсорбира загадувачите (тешки метали, холестерол, па дури и радиоактивни материи), и ги исфрла од телото. Јаболките исто така ги прочистуваат и цревата, ја подобруваат крвта и го јакнат имунолошкиот систем. Накратко, тие функционираат како вистински еликсир на младоста.

Јаболките штитат од рак

Јаболките во себе содржат голема количина антиоксиданси, кои ги неутрализираат слободните радикали – супстании кои предизвикуваат рак. Исто така содржат и тритерпеноиди – органски соединенија кои го блокираат растот на клетките на ракот во млечните жлезди, црниот дроб и дебелото црево.

Јаболките ги спречуваат болестите на срцето

Со текот на годните, истражувачите од Универзитетот од Форида тестирале група жени на возраст од 45 до 65 години за холестерол во крвта. Испитаничките секој ден јаделе по 75 грама суви јаболки. Како што покажале подоцна резултатите од тестовите, по само шест месеци нивото на лошиот холестерол кај овие жени паднал за 23%.

Јаболките ги олеснуваат болестите на дигестивниот тракт

Влакната во јаболките ја стимулираат функцијата на цревата, ја поддржуваат микрофлората и помагаат во борбата со опсипацијата. И органските киселини, кои исто така ги има во јаболката, помагаат за подобро варење на храната.

Помош при мозочен удар

Едно холандско истражување покажало дека јаболко со средна големина изедено дневно може да го намали ризикот од мозочен удар за 52%.

Јаболките помагаат да се спречат осум видови на рак

При научните прегледи на голем број истражувања било откриено дека оние кои јадат едно и повеќе јаболка на ден имаат помал ризик да добијат рак на устата, гласните жици, дојките, цревата, бубрезите, простатата, јајчниците и панкреасот во споредба со оние кои не го јадат толку често ова овошје. Низ студиите биле опфатени повеќе од 6.000 испитаници, а резултатите се потврдени дури и кога во обзир биле земени годините, калориското консумирање, диетите, пушењето и телесната тежина.

Сепак, најдобро е при јадењето јаболка да се одбегнуваат да се јадат семките, бидејќи ти се полни со отровни киселини. Исто така, за сузбивање на гладот најдобро е пред главниот оброк да се изеде едно јаболко. Истражувањето кое било извршено над неколкумина кои се придржувале до овој совет покажало дека оние кои јаделе јаболко пред оброк внесувале дневно помалку за 187 калории од оние кои не го правеле тоа. Јаболките се богати со диетални влакна, бараат долготрајно џвакање што докажано предизвикува ситост.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина